Вакцините не се најголемото убиство во историјата на медицината

Фото: Принтскрин видео

постот што го рецензираме се инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Ројтерс пишува дека повеќе истражувања за безбедноста на вакцините против ковид-19 во бременоста покажуваат дека тие што се вакцинирани во текот на бременоста имаат помал ризик бебето да се роди мртво, и дека вакцинираните во бременоста немаат повисок ризик да имаат спонтан абортус или да родат мртво бебе отколку невакцинираните.

Во постот неточно се тврди дека вакцинацијата е најголемото убиство во историјата на медицината. Во САД, на пример, се пријавени само мал број на смртни случаи  после вакцинација, а Центарот за контрола и превенција на болести не најде линк меѓу тие пријави и двете дози вакцина. Постот, исто така, инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Повеќе истражувања за безбедноста на вакцините против ковид-19 во бременоста покажуваат дека тие што се вакцинирани во текот на бременоста, имаат помал ризик бебето да се роди мртво и дека вакцинираните во бременоста немаат повисок ризик да имаат спонтан абортус или да родат мртво бебе, отколку невакцинираните

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека пандемијата била најголемото убивање коешто светот го има видено досега, алудирајќи на вакцинацијата против ковид-19. Во поткрепа на ова тврдење се споделува видеоматеријал каде патологот Роџер Ходкинсон запрашан дали треба да простиме и да заборавиме, одговара:

Апсолутно не. Полн сум со одмазда. Не е време за извинувања туку време да се стават овие натрапници во затвор. Го видовме најголемото убивање во историјата на медицината, директно поради интервенцијата на овие идиоти во здравството. И лекарите, не само политичарите, и тие се виновни зашто дозволија владите да им влијаат како ќе ги менаџираат пациентите. Како може да погледнете во очи бремена жена и да ѝ кажете дека овој експериментален производ е безбеден? Секој доктор што го има направено тоа треба да е во затвор.

На патологот Роџер Ходкинсон не му е првпат да шири теории на заговор и погрешни прогнози, како и дезинформации. Уште во 2020 година Асошиејтед Прес за него пишува дека лажно тврдел оти ковид е најголемата лага и само уште еден лош грип, иако подоцнежниот развој на пандемијата покажа дека станува збор за смртоносен вирус, кој во неговите поопасни варијанти блокираше здравствени системи, а дел од пациентите кои го прележаа, имаат долгорочни последици.

Потоа лажно тврдел дека во американскиот систем за пријавување сомнежи за несакани ефекти од вакцините, пријавите за смртни случаи се корелирани со самата вакцина. Вистиномер веќе пишуваше дека на страницата на системот ВАЕРС е наведено дека не може да се влечат такви заклучоци.

Дека Ходкинсон има антивакцинални ставови покажува и тоа што тој уште во 2020 година тврдел дека вакцини против ковид-19 не се потребни. Подоцна се покажа дека вакцините спасија многу животи и помогнаа пандемијата да се контролира.

Кога Ходкинсон вели дека вакцинацијата е најголемото убиство во историјата на медицината, тоа е теорија на заговор и невистина. Конкретно во САД, се пријавени само мал број на смртни случаи  после вакцинација, а Центарот за контрола и превенција на болести не најде линк меѓу тие пријави и двете дози вакцина.

Смртните случаи после вакцината против ковид-19 се ретки, пишува Фулфект.

Во САД до 2 јуни 2022 година, имало 15.312 прелиминарни извештаи после ковид вакцината во ВАЕРС. Како што напоменавме и претходно, овие пријави не може да бидат релевантен извор врз основа на кој ќе се тврди дека смртта е предизвикана од вакцината. Огромна студија на Центарот за контрола и превенција на болести на САД откри дека нема линк меѓу смртните случаи после вакцинација и двете дози од вакцината.

Како што пишува Ројтерс, според Центарот за контрола и превенција на болести, нема начин да се припише зголемувањето на смртни случаи на вакцината, освен тоа големиот раст на смртни случаи од ковид-19 во  втората поовина на 2021 година се поклопува со делта и омикрон брановите на коронавирусот.

Во Англија од март 2020 до октомври 2022 година, има 55 смртни случаи поврзани со несакани ефекти од вакцината, а вакцинирани се дури 45.3 милиони луѓе со барем една доза во земјата.

Понатаму во постот што го рецензираме се инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Ројтерс пишува дека повеќе истражувања за безбедноста на вакцините против ковид-19 во бременоста покажуваат дека тие што се вакцинирани во текот на бременоста имаат помал ризик бебето да се роди мртво, и дека вакцинираните во бременоста немаат повисок ризик да имаат спонтан абортус или да родат мртво бебе отколку невакцинираните.

Во Обединетото Кралство имало 2.587 мртвородени бебиња во 2021 година, што е слично со бројката од 2019 година која била 2.522.

Доктор Викторија Мејл, професорка по репродуктивна имунологија на Империјал колеџ во Лондон, вели:

Од април 2021 година, британската влада почна да нуди вакцини за бремените жени. Од декември 2021 година, бременоста се смета за приоритетна состојба за вакцинација бидејќи знаеме дека инфекцијата од ковид за време на бременоста може да предизвика новороденчињата да се родат мртви или предвремено и знаеме дека вакцинацијата штити од ова и дека е безбедна во бременоста, изјави професорката за Асошиејтед Прес. 

И од британскиот Оддел за здравје и социјална заштита потврдиле за агенцијата дека советот за бремените жени и за доилките е да примат вакцина против ковид-19. Комитетот за вакцинација на Велика Британија препорача бремените жени кои претходно се вакцинирале да примат бустер.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, американскиот колеџ за гинекологија и акушерство и асоцијацијата за мајчинско фетална медицина, препорачуваат вакцинација на бремените жени против ковид-19.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, исто така, тврди дека научниците немаат пронајдено зголемен ризик од спонтани абортуси меѓу луѓето кои примиле мРНК вакцина во раната бременост или пред да забременат.

Доктор Емили Милер, професорка по гинекологија и акушерство на Нортвестерн Универзитетот вели дека нема докази дека вакцината предизвикува спонтани абортуси.

Анализа од август 2021 година од Центарот за контрола и превенција на болести разгледува 2.500 бремени жени кои примиле мРНК вакцина пред дваесеттата недела од бременоста. Истражувачите пронашле стапка на спонтани абортуси од 13 проценти, што е слично на очекуваната стапка на спонтани абортуси кај општата популација.

Спонтаниот абортус е релативно чест, кај 11 до 16 проценти од бременостите. Стапката на спонтан абортус после ковид вакцинацијата е во истиот опсег, вели доктор Ева Пресман, претседателка на одделот за гинекологија и акушерство на универзитетот Рочестер.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека вакцините се ризични за жените кои се бремени, како што се сугерира во постот што го рецензираме и не е вистина дека со вакцините се случило најголемото убиство во историјата на медицината. Дополнително вакцините не се експериментални, за што веќе имаме пишувано.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција