Вакцините не убиваат, ПЦР тестовите нема да ве заразат со корона

Фото: Принтскрин видео

Една дезинформациите коишто беа јавно искажани на протестот пред Собранието е дека „вакцините убиваат луѓе, а тестовите ги заразуваат луѓето“.  Светската здравствена организација внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Оттаму велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки. ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од СЗО. Овој тест е златен стандард за дијагностицирање на ковид-19, откако е одобрен за употреба во февруари 2020 година

Една дезинформациите коишто беа јавно искажани на протестот пред Собранието е дека „вакцините убиваат луѓе, а тестовите ги заразуваат луѓето“.  Светската здравствена организација внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Оттаму велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки. ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од СЗО. Овој тест е златен стандард за дијагностицирање на ковид-19, откако е одобрен за употреба во февруари 2020 година

 

 

Во саботата попладне (20.11.2021 г.) во Скопје се одржа протест против вакцинацијата и новите мерки кои треба да се воведат за да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот и намалување на притисокот врз болниците.

Протестот беше организиран откако Комисијата за заразни болести на Владата ѝ препорача да донесе одлука во јавниот сектор да биде задолжително при доаѓање на работа да се покаже сертификат за примена вакцина против ковид-19 или да се прикаже негативен ПЦР тест не постар од 72 часа направен на трошок на вработениот кој не сака да се вакцинира,  или да се приложи потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена

Во голем дел од упатените пораки на присутните беа искажани низа дезинформации, веќе познати невистини како и еден куп теории на заговор. Една од тие дезинформации коишто беа јавно искажани  пред Собранието е дека „вакцините убиваат луѓе, а тестовите ги заразуваат луѓето“.

Тие работи што ги вбризгуваат во крвта не се за нивно здравје. Многу луѓе испоумреа од нив. Многу луѓе се испоразболеа и од самите тестови. Тестовите се исто така машина за пари преку кои се збогатија Бил Гејтсови и компанија, рече една од учесничките на протестот (1.30:1.52 од видеото )

Ова се две дезинформации. Ниту вакцините убиваат луѓе, ниту пак целта на тестовите им е да заразуваат луѓе со коронавирусот.

Вакцините против ковид-19, болеста што ја предизвикува коронавирусот се безбедни и ефективни. Тие, исто како и кои било други вакцини и лекови, можно е да имаат одредени нус појави, но сепак, тие се премногу ретки. Од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) велат дека ризикот од ковид-19 и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации, како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината.

Секоја лиценцирана вакцина е ригорозно тестирана во повеќе фази на испитувања пред да биде одобрена за употреба и редовно се проверува и откако ќе се воведе.

Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Оттаму велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки.

Сите информации за вакцините против ковид-19 кои се администрираат во С. Македонија, нивниот состав како и најчестите несакани ефекти кои тие можат да ги предизвикаат може да ги погледнете на специјалната веб-страната за вакцинација на Министерството за здравство.

ПЦР тестовите коишто се прават за да се детектира дали некоја личност е заразена со коронавирусот не ги заразуваат оние што се тестираат. Ова е уште една теорија на заговор којашто подолго време се споделува и притоа се заплашува јавноста. Доколку некој поверува во оваа теорија, не се тестира, а има симптоми, тогаш може да го шири вирусот насекаде и притоа да предизвика уште поголема штета и опасни последици.

ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од Светската здравствена организација (СЗО). Овој тест е златен стандард за дијагностицирање на ковид-19, откако е одобрен за употреба во февруари 2020 година. Тој е точен и доверлив.

Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди, и е безбедно како и секое друго земање брис кое што сите ние сме го правеле многупати до сега. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија.

Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат, ниту да ве заразат со вирусот доколку не сте веќе заразени, а се единствен начин да се дознае дали некој е моментално заболен.

Лекарите постојано апелираат до граѓаните да се вакцинираат, затоа што вакцините засега се единственото оружје кое ни е достапно за да се бориме со оваа пандемија која година и половина е присутна низ целиот свет и притоа досега (23.11.2021) заразени се 258.569.023 луѓе, а животите ги загубија 5.178.460 лица.

Но, паралелно со апелите од медицинската и научната фела, се појавуваат лица кои на протести и масовно на социјалните мрежи шират дезинформации, паушални тврдења, непотврдени информации, сеат страв и сомнеж. А, со тоа ја подриваат секојдневната борба на лекарите да спасат човечки животи.

Ова е една од причините што во С. Македонија има ниско ниво на вакцинација – помалку од 40%.  Поради вакви антиваксерски движења, сè уште голем дел од граѓаните се исплашени од вакцините, иако немаат никаква реална основа за тоа, а исто така, одбиваат да се тестираат и покрај тоа што имаат симптоми и со тоа дополнително го шират вирусот.

Болеста ковид-19 е сериозна и многу непредвидлива, а пандемијата нема да запре во скоро време доколку ваквите антивкасерски движења продолжат да шират опасни невистини, шетни по јавното здравје.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција