Вакцините немаат чип ниту магнетизирачко дејство

Вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински стабилизатори. Ниту една од овие состојки не е магнетска и како што нотира Центарот за контрола и превенција на болести, дури и кога би биле, големината на вакциналната доза е премала за да предизвика магнетите да се лепат на местото на инјектирање. Конспирацијата за микрочипови во вакцината, пак, започна кога компанијата „АпиЏект“ од САД, објави дека размислува за „опционален микрочип“, ама тој ќе биде на етикетата од шприцот и нема да се инјектира при имунизацијата. Важно е да се каже дека овој микрочип е засега наменет само за САД, а не за Македонија. Оваа технологија е сосема опционална и американската влада уште нема ни одлучено дали сака да ја користи или не!

Вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински стабилизатори. Ниту една од овие состојки не е магнетска и како што нотира Центарот за контрола и превенција на болести, дури и кога би биле, големината на вакциналната доза е премала за да предизвика магнетите да се лепат на местото на инјектирање. Конспирацијата за микрочипови во вакцината, пак, започна кога компанијата „АпиЏект“ од САД, објави дека размислува за „опционален микрочип“, ама тој ќе биде на етикетата од шприцот и нема да се инјектира при имунизацијата. Важно е да се каже дека овој микрочип е засега наменет само за САД, а не за Македонија. Оваа технологија е сосема опционална и американската влада уште нема ни одлучено дали сака да ја користи или не!

 

 

Во постот што го рецензираме, се споменуваат две дезинформации. Првата е тоа дека во вакцината има чип и втората е дека вакцината има магнетизирачки својства. Како елаборација на ваквите тврдења постирана е илустрација од повозрасна жена на чиј што граден кош има залепено ножици, метални парички и други слични предмети. Во склоп на постот има и видеоматеријал на шпански јазик, каде се гледа дека на повозразна жена седната во столче, нејзината ќерка и аплицира ножици, спајалици, монети и магнети за на фрижидер во пределот на градниот кош, горниот дел од рацете односно рамениците и на грбот. Исто така, може да се види дека пред да ги аплицира овие предмети, таа ја брише жената со влажно марамче.

Конспирацијата за микрочипови во вакцината почна кога компанијата „АпиЏект“ од САД, објави дека размислува за „опционален микрочип“, ама тој ќе биде на етикетата од шприцот и нема да се инјектира при имунизацијата. Важно е да се каже дека овој микрочип е засега наменет само за САД, а не за Македонија, а неговата намена, како што за „Ројтерс“ потврдил портпаролот на фирмата, Стив Хофман, е следната:

  1. Да му овозможи на здравствениот работник да верификува дека вакцината и шприцот не се со истечен рок и не се фалсификат.
  2. Да потврди дека вакцината во шприцот е искористена.

Здравствениот работник би користел апликација на мобилниот телефон за да ја види оваа информација или да ја внесе во системот. Сето тоа ќе се прави без никакво навлегување во личните податоци за пациентот.Информациите во оваа апликација ќе се однесуваат само на дозите и на шприцевите односно на вакцината, а не на човекот.

Како што може да се види од следниот линк, оваа технологија е сосема опционална и американската влада уште нема ни одлучено дали сака да ја користи или не! Фирмата „АпиЏект“ не ги произведува вакцините, туку само ги полни во своите шприцови, за да бидат достапни за користење.

Од 18 секунда на следното видео повеќе лекари одговараат на прашањето дали вакцината против ковид-19 содржи микрочип и сите се изјаснуваат негативно по ова прашање.

Што се однесува на делот од постот  кој се однесува на наводните магнетизирачки својства што вакцинираните ги имаат, односно дека на нивните тела лесно се лепат предмети кои се од метал, наводно поради магнетизирачките својства на вакцината, јасни се две работи. Прво, вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински стабилизатори. Ниедна од овие состојки не е магнетска и како што нотира Центарот за контрола и превенција на болести дури и кога би биле, големината на вакциналната доза е премала за да предизвика магнетите да се лепат на местото на инјектирање.

Сепак, „Форбс“ нотира дека има ронка вистина во тоа дека многу луѓе можат да залепат метални магнетни или други предмети, како стакло, порцелан, пластика, дрво и алуминиум на нивната кожа. Но, во овој феномен нема магнетизам туку нешто многу пообично. Причината поради која предметите може да се лепат за некои луѓе е силата наречена  „фрикција“ (триење).

Во секој случај каде што овие „човечки магнети“ биле тестирани, се добивале истите резултати. Тие се: ако се обидете да го измерите магнетното поле околу личноста, ќе добиете нула резултат, нема детектирано магнетно поле. Понатаму, истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Трето-лепењето се случува само кога кожата е мазна и без влакна. Четврто – секогаш човекот на кој се лепи предметот или е навален наназад. И петто, како што е покажано на овој линк, нивните наводни магнетски моќи исчезнуваат ако им ја прекриете кожата со пудра.

Некои луѓе имаат полеплива кожа од другите. Впрочем и во видеото што го рецензираме во склоп на постот, кожата на жената прво е пребришана со влажно марамче. Човековото тело не поседува мерливи магнетни полиња само по себе. Не е од вакцината зашто во неа нема магнетизирачки состојки. Способноста на кожата да биде леплива, не се менува од вакцината, наведува „Форбс“ во својата анализа. 

Поради овие аргументи, како невистина ги оценуваме тврдењата во постот дека во вакцините имало чип и дека тие предизвикуваат магнетизирачки дејства.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција