Вакцините против ковид-19 не се „измама на фармакомафијата“
Наспроти невистината изнесена во објавата, вакцините против ковид-19 не се ниту зло ниту измама. Станува збор за испитани вакцини кои се администрирани во рекорден број на популација ширум светот, поради што научниците и телата коишто вршат мониторинг и постојана контрола на ефектите на вакцините имаат и обемен број на податоци врз основа на кои може да ја потврдат нивната безбедност и ефикасност
Наспроти невистината изнесена во објавата, вакцините против ковид-19 не се ниту зло ниту измама. Станува збор за испитани вакцини кои се администрирани во рекорден број на популација ширум светот, поради што научниците и телата коишто вршат мониторинг и постојана контрола на ефектите на вакцините имаат и обемен број на податоци врз основа на кои може да ја потврдат нивната безбедност и ефикасност
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Вакцините се најголемото зло и измама на фармакомафијата!!!
Наспроти невистината изнесена во објавата, вакцините против ковид-19 не се ниту зло ниту измама. Станува збор за испитани вакцини кои се администрирани во рекорден број на популација ширум светот, поради што научниците и телата коишто вршат мониторинг и постојана контрола на ефектите на вакцините имаат и обемен број на податоци врз основа на кои може да ја потврдат нивната безбедност и ефикасност. Болеста ковид-19 може да предизвика тешка состојба или смрт, но и да има долгорочни последици врз човековото здравје (долг ковид). Европската агенција за лекови (ЕМА) има редовни извештаи во коишто е евидентно дека ги мониторира вакцините против ковид на европското подрачје и констатира дека се безбедни.
Европската агенција за лекови (ЕМА) исклучително внимателно ја следи безбедноста на вакцините против ковид-19 одобрени во Европската Унија (ЕУ). Со стотици милиони луѓе веќе вакцинирани во ЕУ, ова овозможува континуирано откривање на какви било ретки несакани ефекти. Вакцините против ковид 19 кои се одобрени за употреба во ЕУ и Европскиот економски простор (ЕЕА) се безбедни и ефикасни. Околу 1 милијарда дози вакцини се администрирани во ЕУ и ЕЕА, наведува Европската агенција за лекови на својата страница полна со информации за безбедноста и ефикасноста на вакцините против ковид.
Токму според проценките на ЕМА, милиони животи се спасени со вакцинацијата против ковид-19. Од декември 2020 година, луѓето во ЕУ и ЕЕА примија речиси 1 милијарда дози вакцини против ковид-19, што ја прави најголемата програма за вакцинација во историјата.
Регулаторите имаат невидена база на податоци за да ја потврдат безбедноста и ефикасноста на вакцините против ковид-19. Пред да добијат одобрение, вакцините беа предмет на тестирање кај десетици илјади учесници во клинички испитувања за да се потврди дека ги исполнуваат научните стандарди на ЕМА за безбедност, ефикасност и квалитет. Како и секогаш, придобивките од овие вакцини беа споредувани со ризиците од несакани ефекти. Безбедносниот профил на вакцините против ковид-19 одобрени во ЕУ се многу смирувачки. Огромното мнозинство од познатите несакани ефекти се благи и краткотрајни. Може да се појават сериозни несакани ефекти, но тие се многу ретки. Во многу малку од овие ретки случаи се пријавени фатални исходи, наведува ЕМА.
Инфекцијата со ковид-19 може да предизвика тешка болест и долгорочна штета вклучително и кај здрави возрасни и деца. Заразата со ковид-19 останува особено опасна за постари или болни луѓе со слаб имунитет и за оние со нарушен имунолошки систем.
Во врска со наведеното во објавата што ја рецензираме дека вакцините биле „измама на фармакомафијата“ ова е сосема неаргументирана, но многупати повторувана дезинформација. Всушност, самата историја на вакциналната програма против ковид-19, покажа дека откако почнаа да се администрираат вакцините, почна историја на спасување на животи. Тоа е потврдено од медицински професионалци коишто објавуваа студии на огромен репрезентативен примерок во реномирани медицински списанија, како на пример оваа студија објавена во „Лансет“, а која се однесува само на првата година од вакцинацијата. Во студијата се констатира дека вакцинацијата против ковид-19 значително го промени текот на целата пандемија, спасувајќи десетици милиони животи низ целиот свет. Како може спасувањето животи да биде „измама“ во услови кога се работеше за изолиран вирус, докажан со научни методи (секвенциониран), вирус присутен со повеќе варијанти (кои исто така беа секвенционирани и навремено детектирани)?!
Светската здравствена организација исто така наведува дека причината поради која вакцините против ковид-19 беа развиени брзо, е тоа што постоеше масовна научна соработка на светско ниво, обемни претходно спроведени истражувања и значително јавно финансирање. Притоа се одржани највисоки безбедносни стандарди.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар