Вакцините против ковид-19 не се отровни
Доколку вакцините против ковид-19 беа отровни, тогаш тоа ќе се забележеше на начин што смртноста значајно ќе се зголемеше, или пак, ќе имаше голем број на несакани ефекти коишто ќе беа пријавувани во МАЛМЕД и така ќе се сфатеше дека постои проблем со вакцините – што не се случи.
Доколку вакцините против ковид-19 беа отровни, тогаш тоа ќе се забележеше на начин што смртноста значајно ќе се зголемеше, или пак, ќе имаше голем број на несакани ефекти коишто ќе беа пријавувани во МАЛМЕД и така ќе се сфатеше дека постои проблем со вакцините – што не се случи. Состојките во сите вакцини против ковид-19 се јавно достапни и не станува збор за контроверзни состојки, туку за безбедни
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Пробајте да размислите како ги натераа да чекаат во редици, доброволно да примаат отров, и тоа неколку пати. Е така функционират испран мозок – менталното робство.
Тврдењето во објавата дека вакцините против ковид-19 се отров, не е поткрепено со никакви факти и докази, туку само така нафрлено. Дека тоа не е вистина потврдуваат сите релевантни здравствени организации и институции од земјава и од светот.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во земјава против ковид-19 целосно се вакцинирани 45,55 отсто од граѓаните.

Доколку вакцините против ковид-19 беа отровни, тогаш тоа ќе се забележеше на начин што смртноста значајно ќе се зголемеше, или пак, ќе имаше голем број на несакани ефекти коишто ќе беа пријавувани во МАЛМЕД и така ќе се сфатеше дека постои проблем со вакцините – што не се случи.
Состојките во сите ковид вакцини се јавно достапни и не станува збор за контроверзни состојки, туку за безбедни. Ниедна состојка во ковид вакцините нема интеракција со човековата ДНК и во вакцините нема антибиотици, лекови, ткива – како што се клетки од абортирани фетуси, протеини од храна, метали или латекс, објавува Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).
Вакцините против ковид-19 беа предмет на испитување и ќе продолжат да бидат предмет на најинтензивно мониторирање на безбедноста. Доказите од стотици милиони вакцини против ковид-19 кои веќе се администрирани во САД и милијардите вакцини администрирани глобално, покажуваат дека тие се безбедни и ефективни, пишува на сајтот на ЦДЦ.
Според едно истражување на НВО Инфоцентарот направено во екот на пандемијата, Во Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД, заклучно со јуни 2021 година, пристигнати биле вкупно 155 пријави за несакани дејства од вакцините против ковид-19. Но, ниту еден од вакцинираните граѓани немал сериозни последици, ниту пак, има починати како последица од примената вакцина.
Најмногу или 61 пријава имало за треска. Потоа за малаксаност (44), главоболка (39), болки во мускулите (31), покачена температура (22), гадење (20), вртоглавица (17), болка во екстремитетите (16), болка (14), болка на местото на апликација (11).
Во минатото во повеќе различни наврати, се тврдеше дека „отровот” во вакцините против ковид-19 потекнува од различни места , на пример, дека вакцините содржат отров од змија ѕвечарка, но и дека спајк протеинот којшто се создава по инјектирањето на дозата е изворот на „отровот”.
Ниту едното, ниту другото тврдење не е точно.
Што се однесува до ензимот од змијата ѕвечарка, спроведена е научна студија, во која се покажало дека колку опасна ќе биде болеста ковид-19, ќе зависи од еден ензим кој, пак, се вклучува во инфламаторниот одговор. Меѓутоа, во вакцините ниту го има овој ензим ниту, пак, студијата спомнува дека го има.
Научниците од „Стони Брук Универзитетот“ во Аризона, дошле до сознание дека ензимот наречен фосфолипаза А2 група IIA, (познат и како sPLA2-IIA), може да биде најважниот фактор што предвидува кои пациенти со тешка форма на ковид му подлегнуваат на вирусот.
Ензимот sPLA2-IIA е сличен на тој што се содржи во невротоксинот на змијата ѕвечарка и може да ги уништи мембраните на клетките. Во здрави индивидуи, овој ензим се содржи во ниски концентрации, затоа што е клучна одбрана против бактериска инфекција. Но, во високи концентрации активираниот ензим може да ги уништи мембраните на виталните органи, вели Флојт Чилтон, автор на студијата.
Со други зборови, тој ензим се обидува да го убие вирусот, ама во одреден момент е ослободен во толку високи концентрации, што работите почнуваат да одат во многу лош правец, уништувајќи ги мембраните на клетките на пациентот, а со тоа и се придонесува за мултисистемско откажување на органите и смрт, истакнува тој.
Здравите луѓе имаат нивоа на ензимот sPLA2-IIA од половина нанограм на еден милилитар крв, ама наодите од студијата покажуваат дека инфекцијата ковид-19 била смртоносна (летална), за 63 проценти од пациентите кои имале тешка форма на ковид-19 и нивоа на sPLA2-IIA еднакво или повисоко од 10 нанограми на милилитар крв.
Во вакцините овој ензим го нема, ама студијата беше злоупотребена за да се протне токму тоа тврдење!
Дезинформацијата дека во вакцините против ковид има отров, ја разгори и канадскиот лекар Бирам Бридл во овој видеоматеријал.
Долго време знаевме дека спајк протеинот е токсин и може да предизвика штета ако влезе во крвотокот. Сега имаме докази дека вакцините што се вбризгани во нашето тело го произведуваат спајк протеинот, односно вакцината со протеинот потоа влегуваат во крвотокот. Тој спајк протеин потоа се врзува за клетките и може да предизвика тромбови или крвавење, вели Бридл во своето излагање.
Ова тврдење е дезинформација од две причини. Прво, спајк протеинот што се создава во организмот по вакцинацијата не е ист со оној на коронавирусот. Второ, дури и кога би бил ист, тој е во многу, многу помали дози отколку оној на коронавирусот. Повеќе за ова прочитајте на следниот линк.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар