Вакцините против ковид-19 помагаат во заштитата од компликации и смрт

Илустрација како изгледа ковид-19 под микроскоп Фото: HFCM Communicatie, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Од нивното воведување во декември 2020 година, вакцините против ковид-19 ги ​​намалија смртните случаи поради пандемијата за најмалку 57 проценти, спасувајќи повеќе од 1,4 милиони животи во Европскиот регион на СЗО. Повеќето од спасените биле на возраст од 60 години или постари, групата со најголем ризик од тешка болест и смрт од коронавирусот.

Од нивното воведување во декември 2020 година, вакцините против ковид-19 ги ​​намалија смртните случаи поради пандемијата за најмалку 57 проценти, спасувајќи повеќе од 1,4 милиони животи во Европскиот регион на СЗО. Повеќето од спасените биле на возраст од 60 години или постари, групата со најголем ризик од тешка болест и смрт од коронавирусот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

АМИ ВАКЦИНИТЕ ОД ФИЛИПЧЕ НЕ ПОМАГААТ, ЗОШТО ЦЕЛО ВРЕМЕ КАЖУВАА ДЕКА ПОМАГААТ!

Во склоп на објавата има наслов од медиумска објава – НОВ СОЈ НА КОВИД-19 СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА: „цикада“ мутира брзо – дали следува летен бран?.

Не е точно на што се мисли кога се вели „вакцините на Филипче“. Венко Филипче во периодот кога беше актуелна пандемијата со коронавирусот беше министер за здравство во Владата и како раководно лице во Министерството учествуваше во потпишувањето на одлуките спроведени по претходни законски процедури за набавка на вакцините.

Вакцините против ковид се ефикасни, безбедни и спасуваат животи. Не е точно дека тие вакцини „не помагаат“, ниту, пак, појавата на нови соеви на коронавирусот кои мутираат значи дека во периодот на ковид-пандемијата администрираните дози „не помагале“. Напротив, според информации на Светската здравствена организација, кои се произлегуваат од студијата на организацијата  – вакцините против ковид-19 спасија повеќе од 1,4 милиони животи само во Европскиот регион на СЗО.

Од нивното воведување во декември 2020 година, вакцините против ковид-19 ги ​​намалија смртните случаи поради пандемијата за најмалку 57 проценти, спасувајќи повеќе од 1,4 милиони животи во Европскиот регион на СЗО. Повеќето од спасените биле на возраст од 60 години или постари, групата со најголем ризик од тешка болест и смрт од коронавирусот.

Според СЗО, само првата бустер вакцина спасила 700 илјади животи. 

Од наодите на студијата на СЗО/Европа, евидентно е дека 2,5 милиони смртни случаи кои постоеле во европскиот регион, можеле да достигнат до 4 милиони, кога не би постоеле вакцините.

Извештајот открива намалување од 57 проценти на смртноста кај лицата на возраст од 70 до 79 години и намалување од 54 проценти на смртните случаи кај лицата на возраст од 60 до 69 години. Морталитетот бил за 52 проценти помал во возрасната група од 50 до 59 години. Возрасната група над 80 години имала најголема корист од вакцинацијата, со намалување од 62 проценти на смртноста.

Кај лицата на возраст од 25 до 49 години, примањето на втората доза од вакцината резултирало со намалување на смртноста од 48 проценти, иако прифатеностa на вакцините за втората и третата бустер доза била само 5 проценти во оваа група. 

Студијата на СЗО/Европа открива дека вакцинацијата против COVID-19 спасила најмногу животи во периодот кога варијантата на вирусот омикрон била доминантна, од декември 2021 до април 2023 година.

Понова студија од декември 2025 година спроведена врз 30 милиони возрасни Французи сугерира дека вакцините против ковид-19 ја намалиле стапката на смртност.

Од 28 милиони возрасни Французи на возраст од 18 до 59 години, оние кои примиле вакцина против ковид-19 базирана на мРНК технологија, имале помала веројатност да починат во наредните 4 години од оние што останале невакцинирани, што е 25 проценти помал ризик од смрт од сите причини, пишува во студијата.

Варијантата цикада на ковид-19 првпат почна да ги инфицира луѓето во Јужна Африка кон крајот на 2024 година , според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC). Тој беше заменет со други варијанти, но повторно се појави и почна да предизвикува инфекции во САД околу една година подоцна – следејќи го моделот на мирување и активност, како цикада. Цикада сè уште не е одговорна за голем број нови инфекции во САД, иако е причина за околу 30 проценти од инфекциите со ковид во Европа во последните месеци.

Сè уште не е јасно дали мутациите на цикада предизвикуваат полоша клиничка слика на ковид-19 во споредба со претходните варијанти или дали ќе стане доминантен сој. Лекарите ќе треба да проучат повеќе случаи за да бидат сигурни. Симптомите на цикада не се разликуваат од оние на претходните варијанти на ковид – болно грло, треска, главоболка, кашлица, болки во телото и течење на носот.  Повеќето симптоми траат од неколку дена до една недела.

Цикада е дел од семејството на ковид вируси од варијантата омикрон. Затоа, како што пишува „Тајм Магазин“, ажурираните вакцини што ги таргетираат доминантните соеви на oмикрон, сè уште се ефикасни во борбата против цикада. Сепак, тие може да обезбедат помала заштита со оглед на промените во вирусот.

Дали сегашната вакцина обезбедува одредена заштита? Лабораториските податоци би укажале дека да, но не толку многу. Се чини дека целата заштита што ја имаме од нашето искуство со вирусот и со вакцините веројатно нуди поограничена – не нула – туку поограничена заштита од овој сој, вели д-р Вилијам Шафнер, професор по заразни болести на Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт.

Неговиот став е заснован на лабораториски студии за кои ЦДЦ вели оти покажале дека цикада успеала да избегне одредена заштита базирана на вакцина.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција