Вакцините против ковид не се „биолошка војна против човештвото“
Во видеото Милојко Пантиќ кој инаку е спортски коментатор и долгогодишен застапник на дезинформации поврзани со пандемијата, тој наведува дека „сингапурското Министерство за здравство пред повеќе од 2 години објавило дека ковид пандемијата е глобална измама“. Се додава дека „лекарите во Сингапур и покрај забраната на Светската здравствена организација, извршиле обдукција на пациент со ковид 19 и објавиле дека ковид не е вирус туку интерваскуларна коагулација што се лекува со аспирин“.Самото Министерство за здравство на Сингапур на својата официјална страница во 2025 година се осврнува дека и понатаму се шират стари дезинформации кои сакаат да ги адресираат а кои се однесуваат на обдукциите, ковид 19 и пандемијата.
Во видеото Милојко Пантиќ, кој инаку е спортски коментатор и долгогодишен застапник на дезинформации поврзани со пандемијата, наведува дека „сингапурското Министерство за здравство пред повеќе од 2 години објавило дека ковид пандемијата е глобална измама“. Се додава дека „лекарите во Сингапур и покрај забраната на Светската здравствена организација, извршиле обдукција на пациент со ковид 19 и објавиле дека ковид не е вирус, туку интерваскуларна коагулација што се лекува со аспирин“. Самото Министерство за здравство на Сингапур на својата официјална страница во 2025 година се осврнува дека и понатаму се шират стари дезинформации кои сакаат да ги адресираат а кои се однесуваат на обдукциите, ковид 19 и пандемијата
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео во кое зборува белградски спортски коментатор Милојко Пантиќ и во кое пишува:
Вакцинација – еден од најголемите гревови и злосторства вршени над човештвото!
Во видеото Пантиќ кој е долгогодишен застапник на дезинформации поврзани со пандемијата, наведува дека „сингапурското Министерство за здравство пред повеќе од 2 години објавило дека ковид пандемијата е глобална измама“. Се додава дека „лекарите во Сингапур и покрај забраната на Светската здравствена организација, извршиле обдукција на пациент со ковид 19 и објавиле дека ковид не е вирус, туку интраваскуларна коагулација што се лекува со аспирин“.
Самото Министерство за здравство на Сингапур на својата официјална страница во 2025 година се осврнува дека и понатаму се шират стари дезинформации кои сакаат да ги адресираат, а кои се однесуваат на обдукциите, ковид 19 и пандемијата. Негираат дека извршиле обдукција што покажала дека причинител на смртта не е ковид 19 кај некој пациент, а наместо тоа „бактерија“. Во објавата што ја рецензираме дури и дезинформацијата што се ширеше пред години е дополнително променета, па невистинито се тврди дека „наодот на сингапурското Министерство за здравство после обдукцијата било оти ковид не е вирус, туку интраваскуларна коагулација“. Вакви наоди од обдукција не се споделени од страна на официјалните власти на Сингапур.
Дополнително, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, не Сингапур туку Кина беше првата земја што издаде извештај за спроведена обдукција на лице починато од ковид 19. Обдукцијата беше спроведена на 16 февруари 2020 година, а првиот смртен случај од ковид 19 во Сингапур беше пријавен на 21 март 2020 година, што значи подоцна од спроведената обдукција во Кина. На 7 јуни 2021 Министерството за здравство на Сингапур соопшти дека немаат спроведено обдукции на лица кои починале од ковид 19. СЗО потврди дека ковид 19 е предизвикан од вирус, а не бактерија и не може да се лекува со антибиотици. Дезинформацијата што во овој дел од видеото ја споделува Милојко Пантиќ е дебанкирана и во Индија.
Не е точно ниту тоа што го наведува Пантиќ дека „СЗО им пратила упатство на земјите да не вршат обдукција на починатите од ковид 19 за да го зголеми стравот“. Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие обдукции да се прават со голема внимателност.
Не е точно дека во Италија поради неправењето обдукции „на сите им било напишано дека починале од ковид 19“ како што се тврди во видеото од објавата што ја рецензираме. Се работеше за погрешно пренесена и погрешно интерпретирана италијанска студија што ја спроведоа патолози. Во студијата беше покажано (на начин што беа изведени 100 обдукции), дека „ковид 19 е способен да предизвика штета на крвните садови на белите дробови и други органи и да се формираат тромбови во крвните садови“.
Не е точно дека во Белорусија немало починати од ковид како што може да се види во статистиката, дури и на оваа држава, која на почетокот не воведуваше заштитни мерки, а чиј претседател несериозно ја сфаќаше истата.
Неточно во видеото е изнесено дека никаде во светот не се правеле обдукции да се види од што починале луѓето, туку во посмртницата на сите им била пишувано дека причинител е коронавирус. Како што Вистиномер известуваше на почетокот на пандемијата, СЗО имаше издадено упатство како да се евидентираат смртните случаи со ковид и од ковид, а обдукции не беа забранети. И во Македонија има изведено обдукции врз пациенти со ковид 19 и кај дел од нив е потврдено дека ковид 19 е директен причинител на смртта.
Всушност, дозата на вакцните е помала од еден милилитар, а тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Исто така и димензиите на иглите со кои што се врши вакцинирањето не се доволно големи. Експертите велат дека таквите уреди би било невозможно тајно да се испорачаат преку аплицирање на вакцини користејќи ја постоечка технологија.
Интерната димензија на иглата е 0.3 милиметри. Чипот би морал да е фракција од ова, за да се спречи да се заглави. Ова не е можно, а особено зашто би морало да биде вграден и трансмитер. За микрочипот да може да помине низ оваа игла со која се врши вакцинацијата, би морал да биде помал од десет илјадинки од милиметар, пишуваат проверувачи на факти од Австралија.
Вакцините против ковид 19 не содржат микрочипови, софтвер или можности за следење ниту пак се биолошка војна против човештвото како што невистинито се тврди во објавата. Во видеото е изнесена и дебанкирана дезинформација дека „Врховниот суд на САД утврдил дека вакцината против ковид не е вакцина, туку е генска терапија“. Ова е побиено од светски проверувачи на факти.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Спортскиот коментатор во пензија Милојко Пантиќ и во текот на пандемијата ширеше дезинформации.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар