Вакцините против ковид не содржат фетуси од абортирани деца – верските челници повикуваат на вакцинација

Објава на Фејсбук ги дезинформира луѓето за тоа што содржат вакцините против ковид 19. Авторот го употребува методот на повикување на емоции, велејќи дека вакцините содржат фетуси од деца, нешто што е строго забрането од неколку религии. Меѓутоа, нашето истражување покажа дека ниедна од вакцините кои се одобрени од страна на Европската агенција за лекови, не содржат фетуси од абортирани деца, пишува Порталб.мк.
Лицето Макси Абазај, познат по ширење на конспирациски теории кои му штетат на процесот на колективна имунизација бидејќи влијаат врз емоциите на населението, вели дека вакцините содржат фетуси од абортирани деца.
„Сега веќе е познато дека вакцините содржат фетуси од абортирани деца (во некои случаи и распарчени додека уште биле живи). Едно невино прашање: На овие верници (независно од нивната вера) што одат и се вакцинираат, дали верата им дозволува да стават во нивните тела парчиња од лешеви?“ пишува тој на Фејсбук.
Што е вистината?
Ниедна од мРНК вакцините против ковид не содржи клетки на абортирани фетуси. Феталните клеточни линии не се исти со ткивата на фетусот. Фетални клеточни линии се развиваат во лабораторија. Истите произлегуваат од клетки добиени од абортуси (своеволни) извршени во 1970 и 1980 година. Овие индвивидуални клетки од горенаведените години, уште од тогаш се размножувани во многу нови клетки за овие четири или пет децении, создавајќи така фетални клеточни линии.
За вакцините Фајзер-Бионтек и Модерна, не е користена никаква фетална клеточна линија за производство на вакцината, и инјекцијата администрирана од здравствениот работник не содржи таква состојка. Фетални клеточните линии можеби биле користени за да се тестира ефикасноста во претходните фази.
Зошто има вакви дезинформации?
Уште еднаш ќе повториме, не, вакцините против Ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси.
Сепак, Фајзер и Модерна направиле тестови за верификација (за да се види дали вакцините функционираат) користејќи фетални клеточни линии. Исто така и Џонсон и Џонсон користеше фетални клеточни линии за развивање на вакцината, потврдување и производство на истата.
Важно е да се добие целосниот контекст: Феталните клеточни линии не се исти со ткивата на фетусот.
Феталните клетки се клетки кои се развиваат во лабораторија. Истите произлегуваат од клетки добиени од абортуси (своеволни) извршени во 1970 и 1980 година. Овие индвивидуални клетки од горенаведените години, уште од тогаш се размножувани во многу нови клетки за овие четири или пет децении, создавајќи така фетални клеточни линии.
Произведувачите на вакцината можеле да користат фетални клетки во овие три етапи на развојот на вакцината:
Развивање: Идентификација на тоа што функционира
Верификација: Процес на потврдување дека функционира
Производство: Производство на формулата што функционира
За вакцините кои во моментов се одобрени за ургентно користење на Фајзер и Модерна се користеле фетални клеточни линии при една од фазите на производство. (Значи, феталните клеточни линии се користени во развојните и производните фази, но не се во состав на вакцината која  ја примате од здравствениот работник).
Сепак, и двете компании користеле фетални клеточни линии ХЕК293 во фаза на верификација дека вакцините функционираат. Тие ХЕК293 клетки произлегуваат од ткиво од 1973 година добиено од еден своеволен абортус во Холандија.
Вакцината Џонсон и Џонсон е малку поинаква
За оваа вакцина се користел ,,aдено-вирус” (ова е вид на вирусот што предизвикува обична настинка. Вирусот во оваа вакцина е изменет и не предизвикува болест). Во оваа вакцина, носителот, во овој случај аденовирусот, функционира како дистрибутивна машина. Шилестиот протеин на коронавирусот е вметнат во ДНК на аденовирусот. Аденовирусот го внесува тој генетски материјал во вашето тело, вметнувајќи така во вашите клетки клетки со модифицирана ДНК. Потоа, со активизирање на имунолошкиот систем вашите клетки ќе го создадат шилестиот протеин. Во моментот кога ќе се активира, вашиот имунолошки систем произведува антитела кои потоа го напаѓаат шилестиот протеин.
За да ја создаде оваа вакцина, Џонсон и Џонсон феталните клеточни линии ПЕР Ц6 ги инфицира со аденовирус. Сите ПЕР Ц6 клетки што се користени за да се создаде вакцината Џонсон и Џонсон произлегуваат од едно ткиво добиено во 1985 година од еден своеволен абортус во Холандија. Тие ја користат оваа клеточна линија бидејќи е добро проучен стандард за создавање на сигурни вакцини.
Верниците може да бидат спокојни, бидејќи ниедна од вакцините против ковид не содржи фетални клетки земени од абортуси извршени во последно време.
Оваа тема е многу чувствителна, посебно за верниците. Ние сакаме сите да бидат добро информирани. Ги охрабруваме сите што имаат сомнежи во врска со користењето на линии од феталните клетки во развој на вакцините да го споредат ризикот и придобивките од вакцините против Ковид -19 заедно со нивните лекари, како и да разговараат со нивните верски челници.
Ватикан издал упатство кое им дозволува на верниците католици да ја примат вакцината против ковид 19, за која при развој или производство се користени феталните клеточни линии.
И Исламската верска заедница во Северна Македонија препорачува примање на вакцината, без разлика на тоа што велат дека немаат доволно информации за нејзината содржина.
„За нас останува прифатлива вакцината која ја препорачуваат здравствените институции во Северна Македонија и им препорачуваме на муслиманските верници да ја примат истата, се дури немаме друго решение“, истакнуваат од Исламската верска заедница во Република Северна Македонија.
Заклучокот е дека ниедна вакцина против ковид 19 не содржи клетки од абортирани фетуси. Една клеточна линија на абортиран фетус во 1973 година е користена за да се развие вакцината АстраЗенека/Оксфорд Универзитет. Меѓутоа, вакцината не содржи ниедна фетална клетка. Новите вакцини мРНК, како што се Фајзер и Модерна, се синтетички вакцини, произведени во лабораторија и при нивното производство не се користат фетални клетки.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција