Валон Сарачини: 1 милион и 500 илјади денари за поттикнување на женското претприемништво

Како министер и како дел од Владата често разговараме на владините седници дека претприемништвото може да биде добар и успешен двигател на економијата. Токму поради тоа, направивме посебна програма за развој и поттикнување на претприемништвото и ставивме посебен акцент на женското претприемништво. За таа цел, обезбедивме 1 милион и 500 илјади денари за директно поттикнување на оваа гранка и се надевам дека доколку има огромен интерес, како во минатиот месец, оваа намена ќе се продолжи и во втората половина на годинава. [Датум: 05.04.2012 | Извор: Сител Телевизија]

Образложение:

Владата на Република Македонија, на седница одржана на 09.01.2012, ја донесе Програмата за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2012 година. Во неа, како точка број 5 стои: Финансиска поддршка за женско претприемништво. Сепак, наместо 1 милион и 500 илјади денари како што најавува министерот, за овој дел од програмата се предвидени само 560 илјади денари. Според тоа, оваа изјава на министерот Сараќини, дека за женското претприемништво се обезбедени 1 милион и 500 илјади денари во програмата за 2012 година, може да се оцени само како полувистинита.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Reply To dani
Cancel Reply

1 Реакција
  1. dani :

    kakva poluvistina?!?! Jas aplicirav i posle nekolku dodeleni subvencii mi bese receno da ne se zamaram oti nemalo poveke pari za taa namena. Inaku bese Juni.