Во Василево асфалтирана улицата во Нова Маала

Фото: Веб-страница на Општина Василево

 

Проект:

Асфалтирање на улица во населено место Нова Маала во должина од 400 метри. Средства за реализација на овој проект во износ од 1 милион денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Василево. (Рок за реализација: 2013-2015)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во својата изборна програма од 2013 година, градоначалникот на Општина Василево, Ванчо Стојанов, помеѓу останатите проекти го најави и асфалтирањето на улицата во Нова Маала. Ова негово ветување дадено во споменатата изборна програма насловена: „Нови дела за нов напредок, нови дела за нова општина Василево“ (стр.37), е исполнето, со забелешка дека тоа е сторено со задоцнување од две години. Според информациите пренесени во медиумите и на веб-страницата на Општина Василево оваа улица во Нова Маала доби асфалт неодамна (јули – август 2017 година), иако нејзиното асфалтирање беше предвидено во периодот 2013 – 2015 година.

На 20 јули 2017 година телевизијата „Сител“ објави  дека средствата за асфалтирање на улицата која започнува од спојот со постојната и веќе асфалтирана главна улица во селото, во висина од 5.200.000 денари се обезбедени со кредит од Светска банка преку Министерството за финансии од Проектот за подобрување на општинските услуги.

Оваа е една од улиците која беше ветена пред граѓаните за тековната градежна сезона. Од страната изграден е канал во широчина на од еден метар за прибирање на атмосферските води, како и пешачки патеки, односно тротоари од двете страни на улицата во ширина од по половина до еден метар, зависно од условите на терен, изјави градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов.

За реализацијата на овој зафат има информација и на веб-страницата на Општина Василево.

Според направената проверка ова изборно ветување на градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов може да се оцени како исполнето, со напомена дека асфалтирањето на улицата во Нова Маала се реализира значително по предвидениот рок за реализација и по истекот на регуларниот четиригодишен мандат на локалната самоуправа (март 2017 г.), а во пресрет на најавените локални избори, кои според  измените на Изборниот законик направени на  01.06.2017 г.  треба да се одржат во првата половина на октомври 2017 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Oцени: Југослава Дуковска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција