Васил Пишев

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Васил Пишев е роден на 22 април 1965, како дете на Катерина и Атанас Пишеви.

Со сопругата Гордана се венчава во 1990 година. Во бракот има две деца.

ОБРАЗОВАНИЕ

Во Струмица завршува средно образование, а подоцна вонредно студира менаџмент (самиот не открива каде студира).

 

КАРИЕРА

Професионалниот живот му почнува 1984 година. Како што вели,  бавејќи се најпрво со угостителство но набргу дејноста ја проширува  во трговијата и транспортот.  Во 1997 година ја основа компанијата АЛ-МАКС

Во 1992 година е главен спонзор на фудбалскиот клуб ,,Тиверија„, од Струмица  кој од регионална лига влегува во Втората фудбалска лига.

Васил Пише за себе потенцира дека поддржува разни културни и спортски манифестации, дека помага на верските заедници, дека инвестира во локалниот развој преку помагање во одржување на патишта и мостови,  дека донира во училишта, во локално водоснабдување, како и дека го поддржува образованието на посиромашни студенти и средношколци, а вели и дека помага во општественото интегрирање на лица со хендикеп и на деца без родители.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Васил Пишев е член на ВМРО-ДПМНЕ и активно учествува во работата во сите партиски тела и структури. Тој е пратеникво Собранието на Република Македонија од јуни 2011 година до денес.

Пишев беше кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Градоначалник на Оштина Струмица на Локалните Избори во 2013 Година.

 

 

ИЗВОРИ

Пишев за Струмица: Биографија на Васил Пишев

 

http://www.pisevzastrumica.mk/biografija-na-vasil-pisev/

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција