Вешто злоупотребена научна студија за кампања против маските

Студијата на д-р Леополд Сигал е вешто злоупотребена за произволно толкување дека „долготрајната употреба на маска може да придонесе за напреднат карционом на белите дробови“. Истражувањето за зголемено присуство на орални коменсални микроби во белите дробови и рак на белите дробови е спроведено многу порано од појавата на пандемијата и никаде не го поврзува носењето маски со рак на белите дробови, а тоа за „Ројтерс“ го потврдиле и самите автори на студијата

Студијата на д-р Леополд Сигал е вешто злоупотребена за произволно толкување дека „долготрајната употреба на маска може да придонесе за напреднат карционом на белите дробови“. Истражувањето за зголемено присуство на орални коменсални микроби во белите дробови и рак на белите дробови е спроведено многу порано од појавата на пандемијата и никаде не го поврзува носењето маски со рак на белите дробови, а тоа за „Ројтерс“ го потврдиле и самите автори на студијата

 

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека носењето маска може да придонесе за карцином на белите дробови. Како потврда за ваквото тврдење, постот се повикува на студија објавена од доктор Леополд Сигал, директор на Програмите за микробиоми во белите дробови, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Универзитет во Њујорк, Гросман и член на Центарот за карцином во Перлмутер во Њујорк. Нашата проверка покажа дека студијата на д-р Сигал никаде не ги спомнува маските и дека таа вешто е злоупотребена за ширење на лажни вести.

Долготрајното носење маска, причина за напреднат карцином на белите дробови. Автор др Леополдо Сигал, директор на Програмите за микробиоми во белите дробови, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Универзитет во Њујорк, Гросман и член на Центарот за карцином во Перлмутер во Њујорк. Има направено опсежна студија. Дали ќе дадете отпор на гестапо мерките, или ќе одите во болест е ваша одлука, стои во објавата на Фејсбук која ја рецензираме.

Тврдењето дека носењето маска може да придонесе за карцином на белите дробови не е точно и за ваквото тврдење нема никакви научни докази. Имено, веќе е општо познато дека носењето маска помага во намалувањето на ризикот од ширење и заразување со коронавирусот, а американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) неодмана излезе со препорака да се носат две маски за дополнителна заштита.

Според Центарот, носењето памучна маска врз хируршка може значително да ја зголеми заштитата од заразување за лицето што ги носи маските и за оние околу него. Ова се покажува во новото истражување објавено од ЦДЦ.

Постот што го рецензираме пренесува напис од сајтот futv.media со наслов „Долготрајната употреба на маска може да придонесе за напреднат карцином на белите дробови“. Доколку го погледенете сајтот ќе сфатите дека станува збор за веб-страница која нема импресум, нема адреса, а објавените содржини на неа главно се занимаваат со теории на заговор поврзани со коронавирусот, а шири и антиваксерска кампања.

Написот се повикува на студија на д-р Леополдо Сигал, директор на Програмите за микробиоми во белите дробови, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Универзитет во Њујорк, Гросман и член на Центарот за карцином во Перлмутер во Њујорк, која, како што се наведува е објавена во весникот Cancer discovery, списание на Американското здружение за истражување на рак.

За белите дробови долго време се сметаше дека се стерилни, но сега знаеме дека оралните коменсали – микроби кои обично се наоѓаат во устата – честопати влегуваат во белите дробови поради несвесните аспирации“, рече Сигал. Додека многу студии го докажаа влијанието на цревниот микробиом врз ракот, влијанието на микробиомот за рак на белите дробови останува нејасно, се вели на почетокот од написот.

Кога ќе го прочитате цел напис, извадок од ова истражување, ќе видите дека никаде не се спомнуваат маски, ниту, пак, е наведено дека носењето маски има некаква врска со карционом на белите дробови.

Студијата на Сигал особено се занимава со тоа како микробиомот во белите дробови игра улога во развојот на рак на белите дробови, болест од која страдаат над 2 милиони луѓе ширум светот и е причина за скоро 1,8 милиони смртни случаи во 2018 година, според Светската здравствена организација.

Студијата ги анализира микробиомите на белите дробови на 83 нелекувани возрасни пациенти со карцином на белите дробови и откри дека пациентите со напредната фаза на карцином на белите дробови (фаза III до IV) 1-3а) имале поголемо збогатување на оралните коменсали во белите дробови отколку оние кои имале болест во рана фаза (фази 1-3а)“, се наведува во ноемвриското соопштение за студијата од Американското здружение за истражување на рак.

„Ју-Ес-Еј Тудеј“ ја разгледа оваа студија објавена онлајн овој месец и констатира дека во неа никаде не се споменува, па дури не се ни алудира на долготрајно носење маска како причина за напреднат карционом на белите дробови.

Сигал и друг автор на студијата, д-р Џејмс Цај од Медицинскиот факултет во Њујорк „Гросман“, во изјава за „Ројтерс“ кажале дека нивната студија не вклучува долгорочно носење маска и дека „во моментов нема научни докази за ова погрешно толкување на нашиот резултат“.

Д-р Цај, за „Ројтерс“ изјавил дека сите пациенти биле регрутирани години пред пандемијата, „помеѓу 2013-2018 година“. Цај рекол дека „бидејќи носењето маска не беше вообичаено за време на нашето студирање, многу е малку веројатно дека тоа е една од причините што придонесуваат за нашите откритија“.

Д-р Сигал за „Ројтерс“ изјавил дека „нема научно образложение за да се сомневаме дека носењето маска ќе го зголеми количеството орални бактерии што достигнуваат до белите дробови “.

Според ова, може да се заклучи дека студијата на д-р Сигал е вешто злоупотребена за произволно толкување дека „долготрајната употреба на маска може да придонесе за напреднат карционом на белите дробови“. Истражувањето за зголемено присуство на орални коменсални микроби во белите дробови и рак на белите дробови е спроведено многу порано од појавата на пандемијата и никаде не го поврзува носењето маски со рак на белите дробови, а тоа за „Ројтерс“ го потврдиле и самите автори на студијата.

„Вистиномер“ претходно ја дебанкираше веста дека носењето маска предизвикува плеврит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција