Вест за големо поскапување на цигарите во Германија, претставена како да е во Македонија
Објавата намерно ја изоставила Германија од насловот за да создаде впечаток дека станува збор за големо поскапување на цигарите во Македонија и на тој начин да ја манипулира јавноста и да собере што е можно повеќе интеракции
Објавата намерно ја изоставила Германија од насловот за да создаде впечаток дека станува збор за големо поскапување на цигарите во Македонија и на тој начин да ја манипулира јавноста и да собере што е можно повеќе интеракции
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Големо поскапување на цигарите: Цените би можеле да бидат повисоки до 60 проценти
Објавата споделува и напис со ист наслов.
На прв поглед објавата делува како да се однесува на Македонија, односно, како да најавува големо поскапување на цигарите кај нас. Тоа може да се види и од коментарите под самата објава во кои следбеници со негодување ја примаат ваквата информација.

Но, кога ќе го отворите текстот во објавата, ќе видите дека веста се однесува на Германија, а не на Македонија.
Германците кои уживаат во пури или цигарилоси можеби ќе мора да платат значително повеќе од јануари отколку порано. Доколку владејачката коалиција во Бундестагот го спроведе својот даночен план, даноците значително ќе се зголемат. „Тоа би била даночна експлозија, поради што цените би се зголемиле за 50 до 60 проценти“, изјави за dpa Бодо Мерлајн, директор на Федералното здружение на индустријата…, стои во написот.
Објавата намерно ја изоставила Германија од насловот за да создаде впечаток дека станува збор за големо поскапување на цигарите во Македонија и на тој начин да ја манипулира јавноста и да собере што е можно повеќе интеракции.
Од особена важност е следбениците на социјалните мрежи убаво да ги проверуваат вестите, а не само да читаат наслови, пред да поверуваат во истите.
Поради сето погоре, објавата што ја анализираме ја оценуваме како содржина со недостиг на контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар