Веста дека уште еден шофер на Брзата помош во Кочани доживеал удар, е неточна

Фото: meta.mk

Информацијата не е потврдена ниту од болницата ниту од кој било друг релевантен фактор. За веста стигна демант од Владата, оттаму реагираа дека станува збор за лажна вест и апелираа да не се шират дезинформации

Информацијата не е потврдена ниту од болницата, ниту од кој било друг релевантен фактор. За веста стигна демант од Владата, оттаму реагираа дека станува збор за лажна вест и апелираа да не се шират дезинформации

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани денес доживеа удар.

Објавата споделува и напис во кој се тврди дека уште еден млад шофер на Брзата помош од Кочани доживеал удар (мозочен или срцев), но за среќа тој преживеал и е хоспитализиран во болница.

Други информации во веста нема. Написот се повикува на информација на порталот Метропола.мк. Но, и таму не успеавме да најдеме извор на веста. Информацијата не е потврдена ниту од болницата, ниту од кој било друг релевантен фактор, поради што и се доведува во прашање нејзината вистинитост.

Веста нема потврда, но стигна демант за неа. Имено, од Владата реагираа дека станува збор за лажна вест и апелираа да не се шират дезинформации.

Најостро ги осудуваме објавувањата на непроверени и неточно информации и ги замолуваме порталите во иднина пред да објават вест поврзана со пожарот во Кочани во кој животот го изгубија 59 млади луѓе да внимаваат на содржината. Веста која вечерва на одредени портали се појави со наслов „Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани доживеа удар“, е неточна. Апелираме до порталите да ги проверат вистинските факти и извори на кои се повикуваат пред да објават што било и да не шират дезинформации со кои ја вознемируваат јавноста. Објавувањето на дезинформации влијаат на психолошкото и ментално здравје и на семејството на жртвите и повредените, но и на сите граѓани кои се ожалостени од овој немил и трагичен настан, се наведува во реакцијата на Владата.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција