Ветеното лизгалиште во Кавадарци е направено

Фото: kavadarci.gov.mk

 

Десетина дена пред локалните избори (октомври 2017), градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за челната функција во Општината, претставувајќи ги проектите од својата изборна програма, меѓу другото, вети и:

Изградба на современо лизгалиште во Кавадарци

 [ИЗВОР: Нетпрес,  датум: 01.10.2017]

 

ОБРАЛОЖЕНИЕ:

Ова изборно ветување на градоначалникот  Митко Јанчев е исполнето. Лизгалиштето во Кавадарци е изградено и пуштено во употреба во декември минатата година.

На 18 декември 2018 година градоначалникот  Јанчев во присуство на претставници од Хокеарската федерација на Македонија, педагози по физичко образование, како и ученици од Кавадарци, го предаде во функција лизгалиштето кое се наоѓа во комплексот на спортскиот центар „Јасмин“. Како што беше тогаш кажано, лизгалиштето е со двојна намена, претпладне ќе работи како центар за настава по физичко за учениците од општината, а попладне на комерцијална основа за сите кои после настава сакаат да се рекреираат. Набавени се околу 300 лизгалки, а комерцијалното неограничено лизгање чини 100 денари.

Во дел од медиумите беше пренесена изјава од Јанчев во која тој вели дека идејата била негова и на Општината, а е остварена во соработка со компаниите донатори „Црна Река Петрол” и „Кожувчанка”:

Општина Кавадарци преку Сојузот на училишни спортови, преку училиштата организира бесплатно лизгање во зимските месеци.  Учениците ќе имаат часови по лизгање. Ќе можат децата да се релаксираат. Задоволство ми е што Кавадарци доби лизгалиште и што можеме да се рамниме со поголемите градови, рече  Јанчев.

Информација и фотографии  за новото лизгалиште во Кавадарци се објавени и на веб-страницата на Општината.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција