Категорија...

Ветувања 2011

ВМРО-ДПМНЕ: Нов систем на издавање лекови и рецепти

Ќе овозможиме достапност на лековите преку автоматска реализација на секој препишан рецепт од матичен лекар во сите аптеки со воведување нов систем на издавање лекови и рецепти сличен на системот во Израел . Рок: септември 2008;

ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија за спроведување на дополнителна настава на македонски јазик во странство

Ќе развиеме Стратегија за спроведување на дополнителна настава на македонски јазик во странство и создавање на мрежа на македонски училишта во светот.

ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународни договори за заштита на правата на македонското малцинство

Дипломатски активности за потпишување на меѓународни договори за заштита на правата на македонското малцинство и континуирано следење на остварувањето на правата на Македонците во странство.

ВМРО-ДПМНЕ: Подигнување и одржување на одбранбената способност

Ќе продолжиме со подигнување и одржување на одбранбената способност за да може Македонската армија да ја изврши својата уставна задача - одбрана на македонската државна територија, заштита на сувереноста и независноста.

ВМРО-ДПМНЕ: Право на мажот за породилно боледување

Разгледување на можноста покрај жената и мажот да има право на краткотрајно породилно боледување во првите еден или два месеци по раѓањето на детето, со цел да и помогне на мајката во почетниот период по породувањето, и да се грижи за…