Категорија...

Ветувања 2011

ДУИ: Нов телекомуникациски оператор

ДУИ ќе биде посветена на воспоставувањето на еден оператор за мобилна телефонија и интернет кој ќе се фокусира претежно на западна Македонија, а истиот ќе биде стимулиран да го отстрани роамингот помеѓу Македонија, Косово и Албанија.

ДУИ: Проект Дигитален Град

Ќе се изгради технолошки центар во кој ќе се концентрираат сите ИКТ компании од Македонија и оние странски компании кои ќе изразат интерес за присуство во нашата земја. Овој проект ќе биде на локација меѓу Скопје и Тетово со цел да им…

ВМРО-ДПМНЕ: Миниасоцијалција

Во соработка со стопанските комори, започнавме активности за формирање миниасоцијации на мали претпријатија (Проект предвиден во програмата Преродба во 100 чекори). Целта на миниасоцијациите на истородни мали претпријатија е нивно…

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнис академија

Во договор со стопанските комори започнавме активности за формирање центар за менаџерско образование, кој ќе прерасне во  Академија на менаџери  (Проект предвиден во програмата Преродба во 100 чекори). Центарот ќе ги обедини најуспешните…

ВМРО-ДПМНЕ: Замена на софтверот ASYCUDA

Царинската управа ќе ја зајакне примената и следењето на фактори за контрола на ризикот во спроведувањето на инспекциите, преку модернизирање на постојната софтверска апликација. Ќе се изготви план за имплементација на посовремено…

ВМРО-ДПМНЕ: Регионална даночна академија

Ќе формираме Регионална даночна академија, која ќе биде единствен центар за обуки на даночните администрации на земјите од Југоисточна Европа. Во академијата ќе се врши обука и специјализација од областа на даночната проблематика во…

ВМРО-ДПМНЕ: Е-Плаќање на даноци

За поедноставување на даночните процедури и намалување на административните трошоци и времето потребно за плаќање даноци преку интернет, покрај услугите за фирмите кои се големи даночни обврзници, УЈП ќе им овозможи на малите и средни…

ВМРО-ДПМНЕ: Поголеми права на малите акционери

Ќе овозможиме акционерите, кои поединечно или заедно претставуваат најмалку 10% од вкупниот број на акции на друштвото и имаат определени докази (факти) што упатуваат на тоа дека менаџментот на компанијата склучил зделка со заинтересирана…

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на базата на податоци

Кредитниот регистар покрај податоци од финансиските институции, ќе започне да користи податоци од друштвата за лизинг. Со тоа, Народна банка ќе располага со поголем обем на информации за кредитната изложеност на правните и физичките лица.…

ВМРО-ДПМНЕ: Измена на законот за данок на имот

Со цел да го скратиме рокот за заверка на договорите за пренос на сопственоста на недвижен имот кај нотар, како и уписот на преносот на правото на сопственост на недвижности во јавната книга, ќе ја разгледаме можноста доказот за платен…

ВМРО-ДПМНЕ: Заложни хипотекарни права

Префрлање на преостанатите запишани заложни права од интабулациските книги во регистарот на Катастарот. Сите преостанати запишани заложни права врз недвижности (хипотеки) и други права од интабулациските книги што се водат во судовите ќе ги…

ВМРО-ДПМНЕ: Укинување на нотарски изјави

Во моментот голем проблем е обемната заверка на документи на нотар при отворање фирма . Затоа, ќе го измениме законот за трговски друштва, во насока на бришење на обврската за нотарска заверка на изјавите. Рок: декември 2008 година.

ВМРО-ДПМНЕ: Метабаза за податоците на правните лица

По примерот на Холандија, Австрија и Скандинавските земји го започнавме Проектот за воспоставување на единствена Метабаза на податоци за правните лица. Анализите во овие земји покажаа дека 70% од податоците кои фирмите ги доставуваат до…

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемени девизни резерви

Девизните резерви и натаму ќе се зголемуваат како резултат на порастот на извозот и приливите од странски директни и портфолио-инвестиции, што ќе овозможи непречено да се одржува стабилноста на девизниот курс на денарот.

ВМРО-ДПМНЕ: Приватизација на фирмите во државна сопственост

Истовремено ќе го завршиме процесот на приватизација на фирмите во државна сопственост (ЕМО, Охис, Еурокомпозит, Сувенир,  тутунски комбинат Прилеп), со обврзувачки принцип  стратешкиот инвеститор да ги задржи вработените.