Видеа креирани со вештачка интелигенција го прикажуваат „разрушениот“ Тел Авив

Проверката на видеоматеријалите од разрушените подрачја која ја направи „Вистиномер“ покажува дека поголемиот дел од нив не се автентични туку креирани со вештачка интелигенција

Проверката на видеоматеријалите од разрушените подрачја која ја направи „Вистиномер“ покажува дека поголемиот дел од нив не се автентични туку креирани со вештачка интелигенција

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал којшто наводно прикажува инсерти од бомбардирањето врз Тел Авив Израел, од страна на Иран. Во видеоматеријалот во вториот дел се презентирани исечоци од урнатини, разрушени подрачја во густонаселени подрачја, а во описот се наведува:

Она кога ќе добиеш дел од твојата “медицина”….

Но, проверката на видеоматеријалите од разрушените подрачја која ја направи „Вистиномер“ покажува дека дел од нив не се автентични туку креирани со вештачка интелигенција.

Така, на 20-тата секунда од видеото може да се забележи материјал од разрушени згради коишто треба да го наведат гледачот да поверува дека се снимени со дрон, од птичја перспектива.

Конкретните кадри содржат и натпис на арапски јазик во горниот десен агол „Тел Авив“. За конкретното видео (на 20 секунда од објавата што ја рецензираме) проверувачите на факти на „Франс Прес“ пишуваат дека видеото е споделено на Инстаграм уште пред да почне неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, уште на 28 мај.

Но, освен тоа, истото содржи бројни знаци кои покажуваат дека е креирано со вештачка интелигенција.

Ако се погледне подетално видеото, има јасни знаци дека е направено со употреба на вештачка интелигенција. На пример, во првиот клип, два автомобила што се приближуваат еден кон друг на Т- спојка во горниот лев агол се чини дека се спојуваат во еден. Другите возила во видеото исто така стануваат заматени додека се движат, пишуваат проверувачите на факти на „Фул факт“.

Проверувачите на факти на „Дојче Веле“ исто така мапираат критични точки од видеото коишто покажуваат дека тоа е неавтентично туку креирано со алатки за вештачка интелигенција.

И клипот што во објавата која ја рецензираме е претставен на 14 секунда, исто така е креиран со вештачка интелигенција.

Ова видео објавено од иранската новинска агенција „Фарс“ која е блиска на револуционерната гарда, тврди дека го покажува Тел Авив после 12-дневната војна со Иран. Но, клипот е генериран со вештачка интелигенција и неверодостоен. Претходно истиот беше објавен на Тик-Ток од корисник што креира видеоматеријали со вештачка интелигенција, напиша на „Икс“ Шајан Сардаризадех новинар на „Би-Би-Си“ факт чекинг сервисот „Би Би Си верифај“.

Делот од видеото прикажан на 18 секунда од објавата што ја рецензираме, е всушност извадок од видеоматеријал на корисник што споделува содржини креирани со вештачка интелигенција.

Доказ дека станува збор за видео кое е неавтентично покажува неговата подолга верзија која може да ја видите овде, и на која се гледа како во средишниот дел од улицата каде се движат автомобили, тие исчезнуваат одеднаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by عامِليون (@3amelyon)

Единствено видеоматеријалот од рушевините – на 13 секунда во објавата што ја рецензираме, претставен на овој линк, е веродостоен.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција