Видео без грам контекст, пренесено од македонските медиуми, душа дало за фрлање магла врз војната во Украина

На видеото се гледа како група украински војници вадат луѓе од возилата, ги удираат по глава и им ги врзуваат рацете. За точната локација се вели дека се претпоставува дека станува збор за Днепар. Информациите се преземени од социјалните мрежи и од Телеграм, меѓутоа во целост изостанува контекстот. Нема точен податок ниту кога е снимено видеото, но симптоматично e дека видео снимките се појавија токму во моментот кога во Њујорк траеше седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации на која преку видео линк се обрати и претседателот на Украина, Зеленски