Видео генерирано со помош на вештачка интелигенција се споделува како реално

Проверката на веродостојноста на видеото со помош на алатката Хиве, која детектира фотографии и видео содржини креирани со помош на вештачка интелигенција, потврди дека видеото од објавата која ја анализираме е 99 проценти производ на вештачка интелигенција.

Проверката на веродостојноста на видеото со помош на алатката Хајв, која детектира фотографии и видео содржини креирани со помош на вештачка интелигенција, потврди дека видеото од објавата која ја анализираме е 99 проценти производ на вештачка интелигенција

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Тукушто излегов од десетчасовна операција. Се испостави дека спасив човечки живот. Јас сум хирург. Вашите зборови на поддршка ќе ми дадат голема сила.

Објавата споделува и видео од наводно младиот хирург кој се снимал додека стои во болнички ходник.

Видеото на прв поглед изгледа нереално, односно движењата во него не се реални.

Токму затоа, Вистиномер проба со обратно пребарување на фотографии да го најде на Гугл да видиме дали е објавено во некои релевантни медиуми. Такво нешто не најдовме.

Фотографии од видеото се појавуваат само во Фејсбук групи, во некои и пред една година, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Видеото го најдовме и на Фејсбук страница на ерменски јазик.

Поради тоа, одлучивме да ја провериме неговата веродостојност на алатката Хиве која детектира фотографии и видео содржини креирани со помош на вештачка интелигенција.

Оваа алатка потврди дека видеото од објавата која ја анализираме е 99 проценти производ на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почестo се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална, што е случај и во објавата што ја анализираме.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција