Видео креирано со вештачка интелигенција претставено небаре го прикажува Тел Авив од птичја перспектива
Видеото што се споделува во објавата што ја рецензираме се состои од два клипа што се претставени како снимки од дрон на густ урбан пејзаж, каде што повеќе згради се урнисани. Во горниот десен дел од снимката пишува „Тел Авив“ на арапски јазик. Тоа не е реално, туку креирано со вештачка интелигенција.
Видеото што се споделува во објавата што ја рецензираме се состои од два клипа што се претставени како снимки од дрон на густ урбан пејзаж, каде што повеќе згради се урнисани. Во горниот десен дел од снимката пишува „Тел Авив“ на арапски јазик. Тоа не е реално, туку креирано со вештачка интелигенција
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:
Тел Авив од птичја перспектива…
На видеото од птичја перспектива се тврди дека е прикажан Тел Авив. На него се прикажани рушевини во густо населени градски подрачја, згради кои се сосема разурнати и непостоење на човечко движење. Видеото е објавено непосредно по ескалацијата на судирот меѓу Израел и Иран. Како што пишуваат проверувачите на факти на „Фул факт“ (fullfact.org) се работи за видеоматеријал кој не е веродостоен, туку е создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ).
Видеото што се споделува во објавата што ја рецензираме се состои од два клипа што се претставени како снимки од дрон на густ урбан пејзаж каде што повеќе згради се урнисани. Во горниот десен дел од снимката пишува „Тел Авив“ на арапски јазик.
Ако се погледне подетално видеото, има јасни знаци дека е направено со употреба на вештачка интелигенција. На пример, во првиот клип, два автомобила што се приближуваат еден кон друг на Т-спојка во горниот лев агол се чини дека се спојуваат во еден. Другите возила во видеото исто така стануваат заматени додека се движат, пишуваат проверувачите на факти на „Фул факт“.
Д-р Сивеи Лију, експерт за форензика на дигитални медиуми, исто така изјави за „Фул факт“ дека неконзистентните форми и позиционирање на прозорците во некои од зградите во видеото се знаци дека е генерирано од вештачка интелигенција.
Исто така, странските социјални мрежи каде се споделува ова видео, се профили кои што во минатото споделувале значителен број содржини креирани со вештачка интелигенција.
Проверувачите на факти на „Франс Прес“ пишуваат дека видеото е споделено на Инстаграм уште пред да почне неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, уште на 28 мај.
Израел започна напад врз иранската нуклеарна инфраструктура и други цели на 13 јуни, при што загинаа високи ирански воени функционери. Двете земји во следните денови извршуваат воздушни напади една врз друга, при што некои ирански ракети го пробиваат одбранбениот систем „Железна купола“ на Израел. Ова вклучува и фатален напад врз зграда во Бат Јам во метрополитенската област Тел Авив, што придонесе за некои од 24-те смртни случаи во земјата, според израелскиот премиер.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која е изменета содржината (altered content).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар