Видео од филмска сцена злоупотребено да се прикаже револт на работници кои не зеле плата

Фото: Принтскрин видео

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена

 

Пост на Фејсбук тврди дека граѓани „ја земале правдата во свои раце“ и демолирале автомобил на газда кој не дал плата.

Ако нема плата, стапот во рака: Народот ја презема правдината, среде бел ден во Скопје се демолира автомобил – „За газдата што не дава плата“, стои во објавата што ја рецензираме.

Постот споделува и напис во кој е пренесено видео од настанот споделено на социјалната мрежа Твитер.

На видеото се гледа како две лица кршат автомобил на паркинг, а во описот пишува:

Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм

Но, за што всушност станува збор?

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена:

Очигледно е дека видеото е злоупотребено и ставено во погрешна конотација со цел да се предизвика реакција во јавноста. Медиумите често пренесуваат објави од социјални мрежи без притоа да ги проверат информациите кои ги објавуваат. Имајќи ги предвид горенаведените факти, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција