Видео од реклама за ресторан се споделува како снимка од свадбената веселба во Косово на која бил Гаши
По нашата проверка на фактите, утврдивме дека ова видео нема никаква врска со свадбата на која бил претседателот на Собранието. Во дел од медиумите претходно се појави видео од свадбата на кое, како што беше објавено, може да се види и слушне како на микрофон го канат Гаши да го поведе орото. Дококу се направи споредба меѓу двете видеа, се приметува дека тие се снимени на различни места: амбиентот и декорот на салата од видеото кое го анализираме не одговараат на амбиентот и декорот на салата од свадбата на која бил Гаши
По нашата проверка на фактите, утврдивме дека ова видео нема никаква врска со свадбата на која бил претседателот на Собранието. Во дел од медиумите претходно се појави видео од свадбата на кое, како што беше објавено, може да се види и слушне како на микрофон го канат Гаши да го поведе орото. Дококу се направи споредба меѓу двете видеа, се приметува дека тие се снимени на различни места: амбиентот и декорот на салата од видеото кое го анализираме не одговараат на амбиентот и декорот на салата од свадбата на која бил Гаши
Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео од свадбена весеба за кое посочува дека тоа е снимка од свадбата на која бил спикерот на Собранието Африм Гаши во Косово, за што во македонските медиуми веќе се пишуваше. На видеото може да се видат убави и атрактивни девојки кои играат во сала, атмосферата личи како да е од свадба, а под него во коментар пишува:
ОЈ ГАШИ, ДРУГ ПАТ СИТЕ ЌЕ ДОЈДЕМЕ НА СВАДБА!
Објавата е доста вирална и на социјалните мрежи предизвика големо внимание, особено заради атрактивните девојки во видеото, што може и да се види од самите коментари под него.
Со цел да провериме дали видеото навистина е направено од свадбената веселба во Косово на која неодамна присуствуваше спикерот Африм Гаши, се обративме со прашање до Собранието, но оттаму одговор засега не добивме.
По нашата проверка на фактите, утврдивме дека ова видео нема никаква врска со свадбата на која бил претседателот на Собранието. Имено, во дел од медиумите претходно се појави видео од свадбата на кое, како што беше објавено, може да се види и слушне како на микрофон го канат Гаши да го поведе орото.
Дококу се направи споредба меѓу двете видеа, ќе се види дека тие се снимени на различни места. Имено, амбиентот и декорот на салата од видеото кое го анализираме, не одговараат на амбиентот и декорот на салата од свадбата на која бил Гаши.
На видеото кое е споделено во објавата која е предмет на нашата анализа, во преден план се девојките, позадината е замаглена, се гледаат црвени светла, а на подот има сив теписон.
Од видеото пак на кое се слуша како го канат Гаши да заигра оро, се гледаат жолти светла, односно сијалици во голем број, позадината од луѓето како играат не е замаглена, а подот е покриен со бели или жолтеникави плочки.
Понатаму, видеото кое е предмет на нашата анализа, како што е посочено во еден од коментарите под него, може да се најде и на следниов линк и истото е реклама за ресторан за свадби, односно на него се оставени име и телефонски број за резервација.
Ова веројатно е реклама за некој ресторан за свадби. Девојкиве намерно се одбрани убави и дотерани. Приметете дека сите се иста висина, професионално шминкани. Ова е сè режирано за да изгледа реално. Вакви клипови има многу на Фејсбук и Тик ток. Еве го истиот клип каде се рекламира хотелот со контакт телефон за резервација. И убаво се гледа позадината е замаглена, а девојките вметнати накнадно. Сега има техника, се може да се направи да изгледа реално, се вели во еден коментар.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеото од свадбената веселба на кое се гледаат неколку убави и атрактивни девојки, нема никаква врска со свадбата на која бил спикерот Африм Гаши, туку е реклама за ресторан. Затоа објавата ја оценуваме како неточна.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар