Видео покажува учесници на фестивал на фетиш, а не собир на луѓе кои се идентификуваат како кучиња
Објавата која ја анаизираме всушност погрешно прикажува видео од Folsom Europe, повеќедневен фестивал кој ги слави фетиш-субкултурите, како што се кожата и BDSM, и е сличен на саемот на Folsom Street во Сан Франциско.
Објавата која ја анализираме всушност погрешно прикажува видео од Folsom Europe, повеќедневен фестивал кој ги слави фетиш-субкултурите, како што се кожата и BDSM, и е сличен на саемот на Folsom Street во Сан Франциско
Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс во која се вели:
„Повикајте контрола на животни!“ Стотици луѓе кои се идентификуваат како кучиња се собраа во центарот на Берлин.
Објавата споделува и напис во кој се посочува дека околу 1.000 луѓе кои претпочитале да бидат препознаени не како луѓе, туку како кучиња, организирале собир на железничката станица Потсдамер Плац во Берлин, Германија, комуницирајќи само со завивање или лаење еден на друг.
Станува збор за настан кој се одржал на почетокот на септември 2023 година, односно, луѓето прикажани во објавата присуствувале на фестивалот на фетиш кој се одржал во Берлин. Тие учествувале на собир поврзан со „игра со кутриња“, тип на играње улоги во која барем еден од вклучените се однесува како куче, пишува АП во својата анализа за проверка на фактите.
Објавата која ја анализираме всушност погрешно прикажува видео од Folsom Europe, повеќедневен фестивал кој ги слави фетиш-субкултурите, како што се кожата и BDSM (bondage, discipline/domination, sadism, masochism) сексуални практики, и е сличен на саемот на Folsom Street во Сан Франциско.
Во видеото, десетици луѓе кои носат маски за кучиња, свлечени до голи гради, и завиваат додека им позираат на фотографите. Во позадина може да се види станица на метрото лоцирана на Потсдамер Плац, централен плоштад во Берлин.
Но, видеото ги прикажува луѓето кои присуствуваат на настан и уживаат во креирањето улоги во „играта на кученца“, а не прикажува собир на луѓе кои се идентификуваат како кучиња, како што тврди објавата која е предмет на нашата анализа.
Фотографијата објавена на 8 септември на официјалната Фејсбук страница на Folsom Europe, фестивал кој се одржал од 6 до 10 септември 2023 година, ја покажува истата група како позира пред фотографите пред метро-станицата на Потсдамер Плац. Настанот се организира секоја година во Берлин, наведува АП.
Објавата на Фејсбук го опишува настанот како „прошетка на кутриња“ и посочува дека на настанот присуствувале околу 400 луѓе (кученца).
Лажни тврдења за луѓе кои се идентификуваат како животни и претходно се ширеа на социјалните мрежи во обид да се оцрни трансродовата заедница.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар