Видео снимено во Романија погрешно е прикажано како да е во Скопје

Проверка на видеото утврди дека снимките се од Орадеа, во Романија, а не од Скопје. Во прилогот емитуван на романската телевизија, случајот е презентиран хумористично и со љубопитност, а не како скандал. Реакциите онлајн се во најголемиот дел на изненаденост 

Проверка на видеото утврди дека снимките се од Орадеа, во Романија, а не од Скопје. Во прилогот емитуван на романската телевизија, случајот е презентиран хумористично и со љубопитност, а не како скандал. Реакциите онлајн се во најголемиот дел на изненаденост

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал, а во горниот лев агол на видеото е обележана геолокација Скопје.

На видеото се гледа дека на тераса во модерен станбен комплекс, некој чува кокошки во импровизиран простор. Во рамки на објавата се споделува и информација на српски јазик од некој канал на Телеграм и на која пишува:

Луѓето почнаа да чуваат кокошки во становите за да имаат домашни јајца. Снимката наводно доаѓа од главниот македонски град Скопје, пишува во објавата на српски јазик.

Меѓутоа, ова видео воопшто не е снимено во Скопје.

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека конкретната снимка, без означената геолокација Скопје, е емитувана на телевизија во Романија. 

И други докази потврдуваат дека самиот комплекс се наоѓа во Романија – снимките во видеото од околниот комплекс, односно од околината на зградата кореспондираат со оние во видеото од објавата што ја рецензираме. „Вистиномер“ пронајде повеќе станови кои се изнајмуваат во овој комплекс и од фогографиите и визуелните совпаѓања, се потврдува дека локацијата е Орадеа, Романија, а не Скопје.

Во прилогот на романската телевизија млада жена објаснува дека во својот стан одгледува кокошки со помош на инкубатор. Во видеото се гледаат кокошките и пилињата како се движат во мал простор со песок и трева, на балкон затворен со ограда. Таа го опишува ова како „експеримент“, додавајќи дека била љубопитна како е да се одгледуваат кокошки на ваков начин. Нараторот и она што е испишано на екранот тврдат дека тоа се случува за 9 кат од станбен комплекс во Орадеа, а ова видео е вирално на романските социјални мрежи.

И во Северна Македонија видеото е споделено на социјалните мрежи, меѓутоа со геолокација Скопје и назнака дека се работи за хумор и сатира на слично именувата страница на Инстаграм.

Во прилогот на романската телевизија, случајот е презентиран хумористично и со љубопитност, а не како скандал. Реакциите онлајн се во најголемиот дел на изненаденост. Во еден дел од прилогот се тврди дека сосед ја снимил терасата со кокошките и пилињата и ја објавил снимката онлјан, што придонело видеото да стане вирално. Девојката во видеото е од Орадеа, Романија, град во западниот дел од државата во близина на унгарската граница. Таа во прилогот не е идентификувана со целосното име и презиме, но е опишана како млад жител кој извел експеримент на начин што одгледува кокошки на терасата.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата се пропушта контекстот – локацијата не е Скопје, туку Романија.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција