Видеото е од минатата година, а мажот на снимките не е агент на ФБИ
Пишува: Ана Анастасовска
На 01.06.2020 година, на социјалните мрежи се појави видео на кое, како што се тврди, се гледа како полицијата на Флорида за време на протестите против расизмот во САД и убиството на Џорџ Флојд, апси Афроамериканец облечен во црвена маица кој им вели дека не е тој што мислат и дека дошло до замена на идентитет. Откако, наводно, полицајците виделе дека тој е агент на ФБИ, го ослободиле. Ова видео го преземаа многу светски и регионални медиуми.
The moment when they realised they just attempted to arrest an FBI agent… ? pic.twitter.com/sw3t3iexKg
— Nics Monique (@NicsMonique) June 1, 2020
Меѓутоа, ова видео е од 2019 година, а мажот од снимката не е агент на ФБИ, потврдиле за Ројтерс од полициската станица во Рочестер.
Спротивно на медиумските наводи, мора да демантираме дека уапсениот е вработен во Федералното истражно биро. По утврдувањето на неговиот идентитет потврдено е дека тој не е лицето кого го бараше полицијата, па веднаш е пуштен, тврдат од станицата.
Исто така, оттаму во изјавата за Ројтерс истакнуваат дека сето ова се случило на 1 јуни, но во 2019 година.
Веста ја пренесе и српската Н1 која подоцна објави исправка:
На социјалните мрежи за време на масовните и насилни протести во САД, се прошири видео кое брзо стана вирално. Во многу објави се тврди дека Афроамериканецот кој е уапсен, наводно во текот на овогодишниот протест, е агент на ФБИ, а таа објава ја пренесоа бројни медиуми, вклучително и нашиот. Меѓутоа, ова видео е од 2019 година, а мажот од снимките не е агент на ФБИ, објави Н1.
Корисник на Инстаграм, тврдејќи дека е извор на видеото, напиша дека тој решил да го сподели видеото во овој момент затоа што полициското убиство на Џорџ Флојд во Минеаполис предизвикало расни тензии низ целата земја. Корисникот на Инстаграм @ thisisnike1 во објавата на видеото напиша: „Нешто ми кажуваше да го одржувам ова видео повеќе од една година, добро“.
View this post on Instagram
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар