Видеото не е од Србија и не прикажува лажен снег
Видеото споделено во објавата прво нема никаква врска со Србија, истото е снимено во Пенсилванија и не прикажува лажен снег од стиропор, ниту пак, е некаков доказ за геоинжинеринг, како што се сака да се прикаже. Станува збор за добро позната природна појава, односно за лапавица која се разликува од обичниот снег. Не е првпат да се шират теории на заговор за некаков лажен снег или снег од стиропор и тие особено стануваат актуелни во зима кога ќе наврне снег
Видеото споделено во објавата прво нема никаква врска со Србија, истото е снимено во Пенсилванија и не прикажува лажен снег од стиропор, ниту пак, е некаков доказ за геоинжинеринг, како што се сака да се прикаже. Станува збор за добро позната природна појава, односно за лапавица која се разликува од обичниот снег. Не е првпат да се шират теории на заговор за некаков лажен снег или снег од стиропор и тие особено стануваат актуелни во зима кога ќе наврне снег
Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео од снег наводно направено во Власотинце, Србија сугерирајќи дека е лажен.
Пред многу да се радуваме на СНЕК видете го убо #СНЕГОТ, стои во објавата.
Во описот на видеото пишува дека станува збор за снег како стиропор.
Не е првпат да се шират теории на заговор за некаков лажен снег или снег од стиропор и тие особено стануваат актуелни во зима кога ќе наврне снег. Таков е случајот и со видеото кое го содржи објавата, а кое е споделено во деновите кога Македонија ја зафатија обилни снежни врнежи.
Вистиномер го пребара видеото на Гугл и откривме дека истото нема врска со Србија. Видеото го најдовме на Тик-ток и на Инстаграм каде е посочено дека станува збор за лажен снег во Пенсилванија.
Видеата од Пенсилванија предизвикуваат жестоки дебати на интернет, бидејќи жителите известуваат дека снегот гори наместо да се топи, поцрнува и ослободува хемиски мирис. Некои посочуваат на геоинженеринг или хемиски експерименти како потенцијални причини, нарекувајќи го „лажен снег“, стои во описот на видеото на Инстаграм.
Дезинформации дека снегот гори наместо да се топи и дека тој не е вистински, дека содржи пластика и дека некој нè труе, се ширеле и претходно и Вистиномер веќе има пишувано за нив.
Што се однесува до снегот во видеото кое го анализираме, тоа е лапавица ( граупел – германски збор). Граупел се врнежи што се формираат кога суперладените капки вода во воздухот се собираат и се замрзнуваат на снегулките што паѓаат, формирајќи топчиња од 2-5 mm (0,08-0,20 инчи) остра, непроѕирна кора.
Дека станува збор за лапавица (граупел), сугерираат и коментарите под видеото објавено на Тик-ток.
Крис Бјанчи (Chris Bianchi), метеоролог во Денвер, Колорадо, во изјава за АФП на 19 јануари 2024 година, анализирајќи слично видео како видеото во објавата која е предмет на нашата анализа, посочува дека тоа покажува граупел (лапавица), која се состои од „супер изладени“ капки вода кои „се замрзнуваат на снегулка – процес наречен акреција. ”
Граупел е мек и лесно се распаѓа ако го туркате. Тоа е различно од (обичен) снег. Може да го замислите како снег со кашесто надворешно јадро, ја пренесува АФП неговата изјава.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеото споделено во објавата прво нема никаква врска со Србија, истото е снимено во Пенсилванија и не прикажува лажен снег од стиропор, ниту пак, е некаков доказ за геоинжинеринг, како што се сака да се прикаже. Станува збор за добро позната природна појава, односно за лапавица која се разликува од обичниот снег. Не е првпат да се шират теории на заговор за некаков лажен снег или снег од стиропор и тие особено стануваат актуелни во зима кога ќе наврне снег. Поради ова, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар