Видеото од изгревањето на Месечината на Северниот Пол е компјутерски генерирано
Компјутерски генерираното видео прикажува и неколку физички неверојатности, анализира Ројтерс. Прво, пејзажот е суви пасишта, наместо мраз. Нема земја на Северниот пол. Картата на National Geographic ги прикажува пресечните региони на канадскиот и рускиот северен пол – наводната локација на видеото – и неговата оддалеченост од најблиската копнена маса на земјите.
Компјутерски генерираното видео (КГВ) прикажува и неколку физички неверојатности, анализира Ројтерс. Прво, пејзажот е суви пасишта, наместо мраз. Нема земја на Северниот пол. Картата на National Geographic ги прикажува пресечните региони на канадскиот и рускиот северен пол – наводната локација на видеото – и неговата оддалеченост од најблиската копнена маса на земјите
Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео за кое тврди дека е снимено во Арктичкиот круг и дека прикажува редок феномен на кој се гледа Месечина која се „појавува во сиот свој сјај до таква точка што изгледа како да не се судри со Земјата“.
Видеото е снимено во Арктичкиот круг, веднаш помеѓу границите на Канада, Аљаска и Русија. Потребни се само неколку секунди за да се фати навистина прекрасен пејзаж во секоја смисла на зборот. Овој феномен може да се види само еднаш годишно за 35 секунди. Месечината се појавува во сиот свој сјај до таква точка што изгледа како да не се судри со Земјата, а веднаш потоа следува целосно затемнување на Сонцето за само 5 секунди, за време на кое одеднаш се потемнува, а потоа светлината се враќа. Овој феномен се јавува само на точката на перихелиум (точката каде Месечината е најблиску до Земјата), а потоа можеме да видиме огромната брзина со која се движи, стои во објавата.
Иако видеото е навистина фасцинатно, сепак, тоа не е реално. Нашата проверка покажа дека истото е анимација и дека не постои таков редок феномен во кој Месечината се приближува толку блиску до Земјата.
Ова видео нема никаква врска со наводното затемнување на Месечината во близина на границата меѓу Канада, Алјаска и Русија. Не е можно Месечината да се гледа и да се движи на тој начин од Земјата, пишува сајтот за проверка на фактите Фактчек.
Видеото е креација на украинскиот уметник за компјутерска графика (CG) Алексеј Патрев, кој го објавил клипот тука. Тој постојано објавува слични анимации на своите профили на социјалните мрежи (www.instagram.com/aleksey__n/ и www.tiktok.com/@aleksey__nz).
Проверувајќи ги неговите сметки на социјалните мрежи, забележуваме дека корисникот се опишува себеси на својот профил како графичар и „дигитален креатор“. На неговиот Инстаграм профил, на пример, гледаме неколку слични објави.
Во написи од Боливија верифика , Њутрал и Малдита, кои се занимаваат со истото видео, консултираните експерти уверуваат дека е невозможно Месечината да има таква големина и движење, пишува Фактчек.
Армандо Гил де Паз, доктор по астрофизика и астрономија од Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, за Њутрал изјави дека „растојанието помеѓу Земјата и Месечината се менува многу малку и е за 5 отсто поголемо или помало од неговото просечно растојание“. Ова е контрадикторно од големината забележана во видеото.
Друг фактор што треба да се земе предвид е брзината со која се движи Месечината, на која ѝ се потребни 28 дена за да орбитира околу нашата планета.
Периодот во кој може да се движи толку многу во однос на Сонцето како што се гледа во дигиталната изработка, треба да биде најмалку една недела, изјавил докторот по астрофизика Алехандро Серано за Малдита.
Ова е важно, бидејќи сонцето практично останува неподвижно во текот на видеото, наведува Фактчек.
Компјутерски генерираното видео (КГВ) прикажува и неколку физички неверојатности, анализира Ројтерс. Прво, пејзажот е суви пасишта, наместо мраз. Нема земја на Северниот пол. Картата на National Geographic ги прикажува пресечните региони на канадскиот и рускиот северен пол – наводната локација на видеото – и неговата оддалеченост од најблиската копнена маса на земјите.
Сателитските видеа и снимките на Националната служба за сателитски податоци и информации за животната средина, исто така, покажуваат дека нема земја на Северниот пол.
Освен тоа, Месечината е оддалечена од Земјата 238.855 милји – околу 30 Земји (go.nasa.gov/3OBmm8J). Малку е веројатно дека Месечината ќе изгледа толку голема како што изгледа на клипот. Сепак, НАСА објави објаснување зошто Месечината понекогаш може да изгледа голема кога изгрева или заоѓа.
Според Live Science, веб-страница за научни вести, доколку Месечината се приближи до Земјата, како што се гледа во видеото кое го анализираме, резултатот би бил катастрофален.
Прво, гравитациската сила би се зголемила, создавајќи повисоки и пониски плими и потенцијално бришејќи ги островите и ниските крајбрежни области. Ненадејниот пораст на гравитацијата, исто така, би предизвикал земјотреси и зголемени вулкански ерупции, пишува Live science.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеото споделено во објавата која ја анализираме е монтажа создадена од дигитален уметник, а според експертите, невозможно е Месечината да биде со таква големина и да се движи со таа брзина толку блиску до Земјата. Поради тоа оценуваме дека објавата е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар