Видеото од момче сираче кое слави роденден е креирано со вештачка интелигенција
Станува збор за видео креирано со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува и Гугл, како и алатките Hive и Sightengine за проверка на содржини креирани со помош на ВИ.
Станува збор за видео креирано со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува и Гугл, како и алатките Hive и Sightengine за проверка на содржини креирани со помош на ВИ. Видеото се појавува само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Јас сум сирак, а денес ми е 5-ти роденден…Само барам ваш благослов за да не се чувствувам осамен.
Со објавата е споделено и видео на кое се гледа мало момче кое во рацете држи торта со свеќа. На видеото момчето прво плаче, а потоа невообичаено се смее, што асоцира на видео креирано со помош на вештачка интелигенција.
Со обратно пребарување на фотографии, го побаравме видеото на Гугл, но не го најдовме објавено во ниту еден сериозен медиум. Тоа се појавува само во Фејсбук групи, па дури и на ерменски јазик, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи. Фотографии од момчето има и во фејсбук групи на шпански јазик.

Оттука, очигледно е дека станува збор за видео креирано со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува и Гугл, како и алатките Hive и Sightengine за проверка на содржини креирани со помош на ВИ.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 96 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 99,8 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се привлечат кликови и да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај. Целта е да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар