Видеото од претседателката Силјановска-Давкова е креирано со вештачка интелигенција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова - 2 Август – Илинден, на Мечкин Камен во Крушево Фото: pretsedatel.mk

Во самото видео од објавата што ја рецензираме, има јасни знаци дека тоа е неавтентично во однос на тоа што го „зборува“ претседателката. Бојата на гласот не е иста со онаа на претседателката, а и изразите на лицето, односно нејзиниот лик во видеото креирано со вештачка интелигенција издава дека станува збор за монтажа. Но, има уште еден елемент со кој несомнено се докажува дека видеоматеријалот и самата „честитка“ презентирани во објавата се невистинити. Кога ќе се погледне облеката што ја носи претседателката на видеото, се гледа дека се работи за облека којашто таа ја носеше на денот кога ја презеде функцијата од поранешниот претседател Стево Пендаровски односно на примопредавањето во Вила Водно на 12 мај 2024 година

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:

Честитки по повод 2 август, Митровден.

Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал на кој се прави обид да се прикаже дека се наоѓа претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. На видео материјалот се слуша глас кој вели:

Им го честитам 2 Август Митровден, на сите граѓани на Република Македонија.

Видеото не е автентично туку е создадено со помош на вештачка интелигенција. Претседателката никогаш нема кажано дека на 2 Август е Митровден, особено што таков евентуален гаф би бил покриен во стандардното известување на традиционалните медиуми (што секако не се случи). Претседателката на 2 Август 2025 – Илинден, годинава не беше во претседателската вила од каде што се кадрите од видеото од објавата што ја рецензираме, туку беше на друга локација – Мечкин Камен. Видео од нејзиното обраќање беше презентирано во новинарските прилози за прославата на 2 Август – Илинден.

Во самото видео од објавата што ја рецензираме, има јасни знаци дека тоа е неавтентично во однос на тоа што го „зборува“ претседателката. Бојата на гласот не е иста со онаа на претседателката, а и изразите на лицето, односно нејзиниот лик во видеото креирано со вештачка интелигенција издава дека станува збор за монтажа. Но, има уште еден елемент со кој несомнено се докажува дека видео-материјалот и самата „честитка“ презентирани во објавата се невистинити. Кога ќе се погледне облеката што ја носи претседателката на видеото, се гледа дека се работи за облека којашто таа ја носеше на денот кога ја презеде функцијата од поранешниот претседател Стево Пендаровски, односно на примопредавањето во Вила Водно на 12 мај 2024 година. 

Истиот ден таа ја даде свечената заклетва во Собранието.

Поголем видеоматеријал од примопредавањето на претседателската функција може да погледнете овде и од материјалот се гледа дека Силјановска-Давкова го носи истиот комплет и накит како на видеото во објавата што ја рецензираме, а кое е создадено со вештачка интелигенција.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека објавата што ја рецензираме е создадена со помош на вештачка интелигенција (altered content).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција