Видеото со „илјадници ирваси на автопат“ е креирано со вештачка интелигенција
Доколку во десниот агол од видеоматеријалот се погледнат „елените“, се забележува дека кога тие ќе се судрат еден со друг исчезнуваат инстантно, што укажува дека видеоматеријалот е креиран со вештачка интелигенција
Видеоматеријалот објавен во склоп на објавата не е вистинит и е креиран со помош на вештачка интелигенција. Тоа е очигледно. Доколку во десниот агол од видеоматеријалот се погледнат „елените“, се забележува дека кога тие ќе се судрат еден со друг исчезнуваат инстантно, што укажува дека видеоматеријалот е креиран со вештачка интелигенција
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:
Возачите беа сведоци на божиќно чудо на автопатот: илјадници ирваси истрчаа на патот, веднаш создавајќи огромен сообраќаен метеж. Но, кога стана јасно каде точно бегаат и од кого, луѓето беа навистина шокирани. Возачите беа сведоци на вистинско божиќно чудо на автопатот. Во еден зимски ден, кога многумина се упатуваа кон дома за да ги посетат најблиските или да завршат итни обврски, сообраќајот беше мирен, времето беше типично за ова време од годината и ништо не навестуваше проблеми. Автомобилите се движеа непречено низ снежната шума, луѓето размислуваа за подароци, празничната трпеза, топлината на домот. И потоа одеднаш сè се смени. Прво, се слушна чуден, многу гласен звук. Тап, развлечен, како нешто да се срушило некаде длабоко во шумата. Возачите станаа претпазливи, почнаа да забавуваат, разменувајќи погледи. И само неколку секунди подоцна, првиот ирвас истрча на автопатот. На почетокот имаше само неколку. Потоа десетици. Потоа стотици. А една минута подоцна, патот беше исполнет со илјадници елени. Тие излегоа од шумата и се стрчаа во еден правец, без да се свртат назад, без да застанат, како да ги вози нешто невидливо и застрашувачко. На автопатот се создаде огромен сообраќаен метеж. Автомобилите застанаа, луѓето излегоа на патот, некои ја снимаа сцената на своите телефони, други едноставно стоеја во целосно восхитување. Многумина се насмевнаа и рекоа дека тоа е божиќно чудо, ретка и прекрасна глетка што се случува еднаш во животот. Но, радоста не траеше долго. Набрзо, стана јасно каде точно трчаат елените и зошто. Продолжува во првиот коментар.
Првиот коментар во објавата е линк што води до страница на руски јазик. Видеоматеријалот објавен во склоп на објавата што ја рецензираме не е вистинит и е креиран со помош на вештачка интелигенција. Тоа е очигледно.
Доколку во десниот агол од видеоматеријалот се погледнат „елените“, се забележува дека кога тие ќе се судрат еден со друг исчезнуваат инстантно, што укажува дека видеоматеријалот е креиран со вештачка интелигенција.
„Вистиномер“ го пронајде истото видео на странски страници на Фејсбук каде тоа невистинито беше прикажано како да потекнува од Монтана, САД, а коментаторите на видеото веднаш забележуваат дека се работи за вештачка интелигенција и дека елените во Монтана се ретка појава.
Така што, тврдењето дека бројни елени чудесно преплавиле автопат и неговото претставување како „Божиќно чудо“ претставува кликбејт со злоупотреба на вештачка интелигенција, со цел да се измами емотивна реакција на корисниците на социјалните мрежи.
Видеото изгледа нереално и со „голо око“ може да се забележат недостатоците коишто говорат за неговата неавтентичност. Но, има и други елементи коишто потврдуваат дека видеото е креирано со вештачка интелигенција – правилото на дедукција. Доколку ваков настан навистина се случеше, тој ќе беше пренесен во многу светски медиуми, со точната локација каде се случило „чудото“. Луѓето коишто се наводно во автомобилите, исто така ќе имаа видеоматеријали кои ќе беа споделувани со релевантните медиуми. Ништо од ова во светските медиуми нема. Настанот е предмет на имагинација.
Големиот текст во склоп на видеото, исто така е напишан во стил на детска приказна и не содржи факти од кои може да се лоцира место на настанот, ниту пак ништо детално. Во кликбејт објавите, ова се користи како стандардна метода во надеж дека наведените факти ќе бидат непроверливи. Во конкретниот случај, се раскажува наратив како приказна, но таа не е реална туку е измислица.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар