Видеото во кое генсекот на НАТО Марк Руте има проблеми со гласањето е сатирично

Фото: President.gov.ua, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Видеото со наслов „Руте тешко гласа“ се однесува на класично сатирично видео на LuckyTV од 2010 година. Во него, тогаш новоназначениот лидер на холандската Народна партија за слобода и демократија (VVD), Марк Руте, беше хумористично прикажан како некој што несмасно се мачи со гласачко ливче и црвен молив во гимназија во Хаг.

Видеото со наслов „Руте тешко гласа“ се однесува на класично сатирично видео на LuckyTV од 2010 година. Во него, тогаш новоназначениот лидер на холандската Народна партија за слобода и демократија (VVD), Марк Руте, беше хумористично прикажан како некој што несмасно се мачи со гласачко ливче и црвен молив на гласачко место во гимназија во Хаг

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал на кој се наоѓа холандскиот политичар Марк Руте, актуелен генерален секретар на НАТО. Видеото наводно, според описот, прикажува дека тој има проблем да го вметне гласачкото ливче во гласачката кутија.

Да се насмееме малку со глупчово што се одзива на името Марк Руте, пишува во описот на објавата.

Меѓутоа, станува збор за сатирично видео, а не за автентична снимка. Имено, „Вистиномер“ го пронајде оригиналното видео објавено на сајтот на холандската сатирична програма „Лаки ТВ“, креирана од Сандер ван де Паверт. „Лаки ТВ“ е позната по тоа што монтира снимки и заменува дијалози во тонот со смешни измислени реплики, за да креира хумористични сцени, и тоа го прават уште од 2000 година. Во овој видеосеријал дијалозите редовно се менувани, монтирани и додавани за да се создаде сатиричен епилог. Во октомври 2016 година, „Лаки ТВ“ доби меѓународно внимание откако објави видеопародија на која изгледаше дека Доналд Трамп и Хилари Клинтон пеат дует на песната „(I`ve had) The time of my Life“.

Во конкретниот случај од објавата што ја рецензираме, видеоматеријалот потекнува од 3 март 2010 година со наслов “Rutte Stemt Moeilijk” (Руте има проблеми со гласањето). Тогаш Руте беше лидер на холандската Народна партија за слобода и демократија (VVD).

Лидерот на VVD, Руте, гласа во гимназијата на едно основно училиште во Хаг. Гласањето повторно се вршеше со црвен молив и гласачко ливче. Понатаму, гласачкото ливче мораше да се превитка на половина и да се стави во гласачката кутија, пишува во описот на сатиричното видео објавено на сајтот на „Лаки ТВ“.

Изворот на видеото – „Лаки ТВ“, укажува на тоа дека се работи за сатирична, односно пародична монтажа. Видеото на Јутјуб е објавено под брендот „Лаки ТВ“, добро познат во Холандија по создавање комични видеа преку монтажа на вистински снимки од политички личности и настани. Насловот и датумот на објавување се совпаѓаат со архивата на сатирични политички видеа на „Лаки ТВ“. Видеото со наслов „Руте тешко гласа“ се однесува на класично сатирично видео на LuckyTV од 2010 година. Во него, тогаш новоназначениот лидер на партијата VVD, Марк Руте, беше хумористично прикажан како некој што несмасно се мачи со гласачко ливче и црвен молив во гимназија во Хаг.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како сатира.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција