Виктор Орбан никаде не објавил дека Унгарија ја напушта ЕУ

Фото: ФБ профил на Виктор Орбан

Последна објава на Орбан што се однесува на Европската Унија, е за евентуалното членство на Украина. И тука Орбан никаде не спомнува дека ќе ја напушти ЕУ, туку зборува за тоа што членството на Украина би значело за Унијата. Дезинформации дека Орбан најавил наводно напуштање на ЕУ имаше и во 2023 година

Последна објава на Орбан што се однесува на Европската Унија, е за евентуалното членство на Украина. И тука Орбан никаде не спомнува дека ќе ја напушти ЕУ, туку зборува за тоа што членството на Украина би значело за Унијата. Дезинформации дека Орбан најавил наводно напуштање на ЕУ имаше и во 2023 година

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Политички земјотрес ја потресе Европа: Унгарија официјално го објави своето повлекување од Европската унија – а Брисел е во шок! Одлуката не е целосно изненадување, но брзината и јасноста со која Виктор Орбан го прави овој чекор ги изненади дури и искусните набљудувачи на ЕУ.

Не е точно дека Унгарија ја напушта Европската Унија. Такво нешто никој и никаде не објавил.

На официјалната Фејсбук страница на премиерот на Унгарија Виктор Орбан, нема ваква објава.

Последна негова објава што се однесува на Европската Унија, е за евентуалното членство на Украина. И тука Орбан никаде не спомнува дека ќе ја напушти ЕУ, туку зборува за тоа што членството на Украина би значело за Унијата.

Унгарскиот премиер Орбан редовно ги напаѓа институциите на ЕУ. Во говорите и интервјуата на домашен терен постојано тврди дека ЕУ го загрозува унгарскиот суверенитет и дека Унијата ги уништува средните претпријатија и земјоделците. И дека токму затоа мора да оди во Брисел, за да ги „размрда тамошните структури на моќ“. Во последните години Унгарија блокираше повеќе одлуки на останатите членки на ЕУ.

Орбан отворено се противи и на членството на Украина во ЕУ, но тоа не значи дека Унгарија ќе ја напушти Унијата, а уште помалку пак има таква најава или одлука на Орбан.

Дезинформации дека Орбан најавил наводно напуштање на ЕУ имаше и во 2023 година.

На конгресот на неговата партија Фидес во ноември 2023 година, Орбан изјави дека Унгарија мора да каже не на сегашниот европски модел изграден во Брисел и дека Европската Унија треба да се промени, а не да се напушти.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција