Вируси постоеле и сè уште постојат, а нивното откривање не служи за заплашување на човештвото
Од времето на објавувањето на научниот труд на Дмитриј Ивановски во 1892 година, во кој за првпат е опишан небактерсиски патоген кој го инфицира тутунот и откривањето на вирусот на мозаичната болест на тутунот од Мартинус Бејеринк во 1898 година, околу пет илјади вирусни видови се детално опишани иако постојат милиони типови. Вирусите се наоѓаат во речиси секој екосистем на Земјата и се најзастапениот биолошки ентитет.
Вирусните инфекции доведуваат до тешки заболувања кај човекот, животните и растенијата, а може да предизвикаат сериозни оштетувања кај земјоделските култури. Вирусните инфекции кај домаќинот предизвикуваат активација на имунолошкиот одговор, чија функција е да го елиминира вирусот
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Ах бре докторе. Вируси никогаш не постоеле, а и сега не постојат. Разновидните отрови и други токсини ги патентирале и ги именувале како наводни вируси, заради заплашување на човештвото!
Ваквото тврдење е во склоп на изјава на епидемиологот професор доктор Драган Даниловски, кој зборува за проблемот што уште може да се сретнат матични лекари кои препишуваат антибиотици не само за коронавирусот, туку и за вируси воопшто, иако е општопознато дека антибиотиците се само за бактериски инфекции.
Доктор Даниловски објаснува дека кога антибиотици се пијат во случај на вирусна инфекција, тогаш се уништува цревната флора, која што е одбрана на системот, односно на човековиот организам, што, пак, прави вирусната инфекција да трае подолго и симптомите да бидат потешки.
Не е точно наведеното во објавата која ја рецензираме дека наводно вирусите не постојат, а уште помалку дека никогаш не постоеле.
Вирусите се подмикроскопски честички кои не се способни да растат и да се размножуваат надвор од клетката домаќин. Вирусите можат да ги инфицираат сите животни форми, од животни, растенија, микроорганизми.
Од времето на објавувањето на научниот труд на Дмитриј Ивановски во 1892 година, во кој за првпат е опишан небактерсиски патоген кој го инфицира тутунот и откривањето на вирусот на мозаичната болест на тутунот од Мартинус Бејеринк во 1898 година, околу пет илјади вирусни видови се детално опишани, иако постојат милиони типови. Вирусите се наоѓаат во речиси секој екосистем на Земјата и се најзастапениот биолошки ентитет. Науката за вируси се вика вирологија и претставува субспецијалност на микробиологијата.
Вирусите додека нè инфицираат одредена клетка, постојат во форма на независни честички.
Потеклото на вирусите во еволуционата историја на животот на земјата се нејасни: некои вируси можеби еволуирале од плазмиди (ДНК сегменти кои можат да се разменуваат помеѓу клетки), додека други можеби еволуирале од бактерии, со упростување на нивната структура. Во еволуцијата, вирусите се значаен посредник во хоринзонталниот пренос на гени, процес кој ја зголемува генетската разновидност кај организмите. Некои автори вирусите ги сметаат за форма на живот, бидејќи тие носат генетски материјал, се репродуцираат и еволуираат по пат на природна селекција.
Други, пак, не ги сметаат за форма на живот, бидејќи кај нив недостасуваат клучни одлики, како што е клеточната структура, кои се сметаат за основни обележја на животот. Бидејќи тие поседуваат неколку, но не сите, квалитети на жива материја, вирусите се опишани како „организми на работ на животот“ и како репликатори.
Вирусните инфекции доведуваат до тешки заболувања кај човекот, животните и растенијата, а може да предизвикаат сериозни оштетувања кај земјоделските култури. Вирусните инфекции кај домаќинот предизвикуваат активација на имунолошкиот одговор, чија функција е да го елиминира вирусот.
Некои вирусни видови, вклучувајќи ги оние кои предизвикуваат СИДА и вирусен хепатит, се способни да ги избегнуваат имуните реакции на домаќинот што резултира со хронични инфекции. Антибиотиците немаат никакво дејство врз вирусите, а развиени се неколку видови на антивирални лекови.
Како што пишува Нешнал Џеографик, има повеќе вируси отколку ѕвезди на небото. Не е едноставно да се одговори од каде доаѓаат вирусите. Има повеќе хипотези за тоа: прогресивна хипотеза, регресивна хипотеза и хипотезата дека вирусите се појавиле први. Како што пишува Музејот за Нобелови награди, истражувањето на вирусите е признаено со неколку Нобелови награди. Во 1930 г., Вендел Стенли успеал да биде првиот човек што кристализирал вирус. На ваков начин успеал да покаже дека вирусите се вид на честички.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, вируси постоеле и сè уште постојат, а нивното откривање не е за заплашување на човештвото, туку за превенција.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар