Вирусот „Нипах“ не е нов, туку постои од 1999-та година и СЗО не алармира за нова пандемија

Ниту Светската Здравствена Организација, ниту нејзините експерти не алармирале за пандемиско ширење на вирус наречен „Нипах“. Веста што ја рецензираме шири дезинформации повикувајќи се на непостоечки експерти и тоа за вирус кој датира од 1999 година го пласира како „нов” само поради сензационализам. Последната „ епидемија ” на овој вирус, со вкупно 19 заболени, се случила во 2018 година во Индија, пишува Порталб.мк.
„Вирус кој потекнува од лилјаци и од кој може да се предизвикаат отоци на мозокот, го зеде животот на 12-годишно дете, ги вознемири лекарите кои велат дека оваа нова болест е „ужасно заразна“,
Вирусот кој потекнува од лилјаците и кој се шири од животните како лилјаците или свињите не е „нов“ вирус како што се тврди во оваа дезинформација, туку прв пат се појавил во 1999 година во Малезија кај еден вид свињи и од тогаш во Малезија не се евидентирани нови случаи. Потоа, овој вирус се појави и во Бангладеш во 2001 година и во разни временски периоди овој вирус е детектиран во источна Индија, за последен пат во 2008 година во Керала, кога беа евидентирани 19 заболени од кои 17 починале. Земјите кои се потенцијално загрозени од овој вирус, поради животните кои можат да
бидат преносители на вирусот, односно еден посебен вид на лилјаци и свињи, се Камбоџа, Гана, Индонезија, Мадагаскар, Филипини и Тајланд.
„Експертите стравуваат дека оваа болест може да прерасне во втора пандемија, за
која велат дека ќе биде „најголема до сега“. Заболеното дете е од Керала, Индија, пишува
во веста која ја рецензираме.
Kои експерти?
Не, не е вистина дека експерти од Светската Здравствена Организација алармирале за нова пандемија, а уште помалку го нарекле овој вирус најопасен до сега. Меѓутоа, Светската Здравствена Организација внимателно ја следи можноста за ширење на овој вирус, и го класифицирала овој вирус како „загрижувачки“ за некоја можна епидемија во иднина.
Како и да е, овој вирус не е толку инфективен како некои други вируси .
„Во Нипах има трансмисија при што се заразени многу луѓе“, рече доктор Лаби. Но, степенот на
трансмисија е помал од едно лице по инфекција“, додаде тој. „При секоја инфекција, вирусот се присобува на луѓето. Постои ризик од една нова варијанта која е поинфективна, и која би можела да
предизвика можна епидемија. 70 проценти од заразените со овој вирус умираат” рече доктор Лаби за НПР.
„Индиските власти започнале истрага за случајот и апелираат да не се крева паника” пишува во веста што ја рецензираме.
Иако овој новинар ги „цитира“ индиските власти околу кревањето паника поради овој вирус, тој не делува во согласност со нив и шири непотребна паника по медиумите на албански јазик. Авторот на оваа вест, вирусот „Нипах“ го претставува како нова „пандемија“ што ни доаѓа и како „најголемо зло“. Нагласуваме дека до сега овој вирус нема епидемиски или пандемиски размери. Распространета ендемиска болест со стабилен број на заразени луѓе не е пандемија. Под пандемија се подразбира ширење на болест која ги преминува границите на државите и континентите. За разлика од епидемијата, пандемијата не е ограничена на одреден дел. Пандемијата е епидемија на заразна болест која се проширила во голем регион, на пример на повеќе континенти или низ целиот свет, и што влијае на голем број на луѓе.
Што е вирусот „Нипах“?
Вирусот „ Нипах “ е зооноза, односно се пренесува од животни на луѓе, но може да се пренесе и од контаминирана храна или директно од инфицираните луѓе. Кај заразените луѓе овој вирус може да предизвика различни симптоми, од симптоматски случаи на болеста до респираторни проблеми кои во повеќето случаи завршуваат со смрт. Според Светската Здравствена Организација , морталитетот од вирусот „Нипах” е доста висок и се движи од 40 до 70 проценти. Како и да е, не е вистина дека Светската Здравствена Организација алармирала за можно пандемиско ширење на овој вирус во светот. Последен пат тоа се случило во 2018 година во Индија каде што заболеле неколку луѓе, и од тогаш немало пораки или алармирања за епидемија.
Кои се сипмтомите?
Инфекциите кај луѓето се движат од асимптоматски до респираторни инфекции кои можат да бидат благи, но исто така и да завршат фатално. Заразените со вирусот „Нипах“ ги имаат следните симптоми: треска, главоболка, болка во мускулите, повраќање, и болка во грло. Освен овие симптоми може да се појави и замор, вртоглавица, сонливост, неуролошки проблеми, и др. Кај некои луѓе се појавува атопична пневмонија или некои други респираторни проблеми. Времето на инкубација (од моментот на инфицирање и се до појавувањето на симптомите) е од 4 до 14 дена. Но, регистрирана е и инкубација во времетраење од 45 дена. За крај, не е точно дека вирусот „Нипах“ е опасен, и во моментов нема потреба за паника, спротивно на тоа што пишува во текстот кој шири дезинформации повикувајќи се на
непостоечки „експерти“, затоа што нема епидемија на овој вирус во светот, и последната епидемија на овој вирус се случила во 2018 година во Индија, и СЗО будно го следи овој вирус.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција