Висар Ганиу

 

Висар Ганиу е градоначалник на Општина Чаир

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Висар Ганиу е роден на 18.07.1978 година во Скопје.  Тој е сопруг и татко на три деца.

Освен мајчиниот јазик  – албански, Висар зборува англиски јазик, српско – хрватски и македонски.

 

КАРИЕРА

Др-сц. за кинезеологија ,предавал на  Факултетот за физичка култура при Државниот универзитет во Тетово.

Тој е фудбалски тренер и работел со првата екипа на ФК Шкупи.

Во 2002 година е избран како прв претседател на Младински форум при Демократска унија за интеграции (ДУИ) на огранокот Чаир, а потоа е избран и за член на Централно претседателство на ДУИ.

Ганиу беше  заменик – министер за образование и наука од  22 јуни 2017 година до  12 септември 2017 година, кога си поднесе оставка на функцијата и влезе во градоначалничката  трка за Општина Чаир.

На  локалните избори во октомври 2017 година  е избран за градоначалник на Општина Чаир.

 

ИЗВОРИ

Веб-страница на Општина Чаир: Градоначалник

А1 ОН (22.06.2017): Собранието ги избра заменици-министрите во Владата

Вечер: (12.09.2017): Заменик министерот за образование Висар Ганиу даде оставка од функцијата, се кандидира за локалните избори

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција