Владата не донела еколошки мерки за почист воздух што ќе важат по пандемијата

Владата на Северна Македонија не донела одлука дека откако ќе помине пандемијата со вирусот на Ковид-19, ќе спроведе мерка „еднаш неделно“ за борба против загадувањето на воздухот. Ваква мерка е побарана од граѓанскиот сектор, но таа не е одобрена како владина мерка. Таквата вест е дезинформација за јавноста

 

Realiteti.info: Maqedoni, Pas pandemisë: Masa interesante, Një ditë në javë…
Реалитети: Македонија по панедемијата: Интересни мерки, еднаш неделено…

Линк до оригиналниот напис: „Македонија по пандемијата: Интересни мерки, еднаш неделно…“  „Maqedoni, Pas pandemisë: Masa interesante, Një ditë në javë…”.

Датум на објавување: 10.5.2020

Датум на рецензија: 17.5.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

 

Сензационалистички наслов

Новинарскиот текст има сензационалистички наслов, бидејќи на јавноста ѝ се презентира како „интересна“ информација, со што уште од стартот се игра на предизвикување емоции.

„Македонија, по пандемијата: Интересни мерки, еднаш неделно“, се вели во насловот на статијата што ја разгледуваме.

Но освен сензационализмот, насловот уште веднаш ја пласира дезинформација, која потоа се разработува во текстот. Ова се должи на фактот дека информацијата: „Еден ден во неделата да се работи од дома (на пр. петок), еден ден во неделата без автомобили (пример во среда) и еден ден во неделата учењето да се направи онлајн“, не е владина мерка по пандемијата, туку е предлог или барање на еколошко здружение.

Дезинформацијата е пласирана со методата што  во стручната литература е позната како концепт на манипулација наречен „повик на можност“ и е разработен во прирачникот Критинк. Станува збор за метода со кој можноста нешто да се случи, се пласира како факт дека истото ќе се случи или е веќе случено. Ова значи дека барањето на еколошкото здружение „еднаш во неделата да се оди на работа без автомобил и да се учи и работи онлајн“, не значи дека истото автоматски е прифатено од Владата и оти ќе стапи во сила откако ќе помине пандемијата, како мерка за борба против загадувањето на воздухот.

Прекршен е и Кодексот – не се проверени фактите

На тој начин овој новинарски производ го крши и Кодексот за етика на новинарите, во чиј прв член се вели:

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.

 Ова може да се види и од најавата на Владата, во која се вели дека станува збор за „препораки и мерки што мора да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот“ и оти станува збор за „ПРЕДЛОГ – краткорочни и долгорочни мерки“, кои сè уште не добиле зелено светло од Владата.

Поради погоре изнесените аргументи може да се заклучи дека информацијата оти по пандемијата ќе има владина мерка „еднаш неделно“ за борба против загадувањето на воздухот е дезинформација.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција