Владата не го намалува бројот на автобусите, туку бројот на патниците

Фото: скриншот од дел од постот

Кристално чиста мерка што ја донесе Владата за справување со епидемијата од корона вирусот, околу намалување на капацитетот на автобусите во однос на бројот на патници, кој сега се ограничува на 50 отсто од капацитетот на возилото, во пост објава на Фејсбук се интерпретира дека се ограничува бројот на автобусите во промет во јавниот превоз за 50 отсто помалку

Кристално чиста мерка што ја донесе Владата за справување со епидемијата од корона вирусот, околу намалување на капацитетот на автобусите во однос на бројот на патници, кој сега се ограничува на 50 отсто од капацитетот на возилото, во пост објава на Фејсбук се интерпретира дека се ограничува бројот на автобусите во промет во јавниот превоз за 50 отсто помалку

 

Пост објава на Фејсбук на македонски јазик невистинито интерпретира една мерка на Владата на РСМ за борба против епидемијата со корона вирусот во земјата и со тоа шири дезинформација.

Во постот се коментира мерката за намалување на бројот на патниците во јавниот превоз, при што авторот на постот напишал:

Намален капацитет на автобусите , значи поголеми гужви и поголемо ширење на вирусот . Сосема спротивно од она што би требало да преставува некоја мерка за борба против епидемија. Ама целта , дефинитивно не е да се сузбие туку да се рашири . А друга позадина за намалениот капацитет на автобусите за 50% , да не прикривање на колапсот на ЈСП ? Да се прикрие дека нема пари за гориво и плати ?

До ваквата објава е прикачен скриншот од некој од порталите на македонски јазик, кој објавува вест за мерките на Владата и каде може да се прочита насловот „Владата одлучи: кафеаните ќе работат со скратено време, автобусите со намален капацитет“.

Дури и вака, малку непрецизен наслов на веста на некој портал, не дозволува нејзино погрешно толкување. На пример, насловот би можел да биде „…автобусите со намален капацитет на патници“, но дури така како што е напишан, „автобусите со намален капацитет“, не може да се прочита дека ќе има редукција на бројот на автобусите во јавниот превоз.

Но, како што може да се види, авторот на постот го толкува токму така, што е невистина и со тоа шири дезинформација во јавноста. Тој вели: „Намален капацитет на автобусите, значи поголеми гужви и поголемо ширење на вирусот.“

Информација која целата јавност ја разбира правилно, како да е намерно погрешно толкувана, бидејќи тоа може да се види и од коментар на коментарот што го пишува авторот подолу : „… они викаат капацитетот , логично е да се мисли за бројот на патници во еден автобус ,ама автобусите ќе бидат препуни со патници и редуцирани за 50% . Финтата нешто како онаа за арачиново , “пилот проекти ” и “пилоти за авиони “.

Тие „они“, дали Владата, дали веста од порталот – нејасно, точно, викаат намален капацитет, ама од каде до каде па, авторот си додава толкување …„автобусите ќе бидат препуни со патници и редуцирани за 50 % е навистина нејасно.

Конечно 99 отсто од медиумите релативно прецизно ја информираа јавноста за мерката на Владата што е донесена на седницата одржана на 20 октомври и која гласи:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Поради погоре изнесените аргументи може да се оцени дека наводите во постот што го рецензиравме се невистини, дотолку повеќе ако се има предвид и следната реченица-тврдење на авторот: „Ама целта , дефинитивно не е да се сузбие туку да се рашири (епидемијата-н.з.)“, за која нема никакви аргументи.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција