Владата почна со дел од мерките за помош на самохраните родители

Самохраните родители со приходи до 200 евра нема да плаќаат за градинка Фото: pixabay.com

 

ВЕТУВАЊЕ: Владата ќе ги поддржува еднородителските семејства со ослободување од дел јавни давачки (такса, јавен превоз, надомест во градинка) на еднородителските семејства со плата пониска од просечната плата.

 [Извор:Програмата за работа на Владата (2017-2020) , датум: јуни 2017 ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување е дел од Програмата за работа на Владата (2017-2020), предводена од премиерот Зоран Заев. Проектот е дел од мерките на Владата за социјална заштита (стр.10) и неговата реализација е во тек.

Имено, едно од ветувањата на Владата е дека ќе ги ослободи еднородителските семејства од плаќање на давачка за градинка, доколку семејството има плата пониска од просечната плата (23.850 денари е просечната месечна нето плата, според последните податоци на Државниот завод за статистика).

На 20.03.2018 година, порталот Сдк.мк објави дека Министерството за труд и социјална донело одлука, самохраните родители со приходи до 200 евра да не плаќаат за градинка.

Самохраните родители кои имаат минимална плата или месечен приход до 200 евра ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за детска градинка. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека го измениле Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.

Одлуката да бидат ослободени од плаќање градинка самохраните родители кои имаат минимална плата или примања до 200 евра, не е исто со ветувањето дека ќе бидат ослободени од плаќање градинка самохраните родители кои имаат месечни примања пониски од просечната плата. Минималната плата во Македонија, е 12.000 денари, а според ДЗС просечната плата е 23.850 денари.

Од МТСП во изјава за Слободен печат објаснуваат дека „ова е прв чекор со кој се опфатени најранливите категории и дека се работи на изготвување на прогресивна формула за плаќање согласно која ќе се проширува опфатот на оние кои се целосно ослободени, а покрај целосно ќе се воведе и делумно ослободување од партиципацијата“.

Имајќи го предвид ова, како и фактот дека досега Владата не донела одлука за ослободување на самохраните родители од други јавни давачки, може да се каже дека реализацијата на ветувањето на Владата за ослободување на еднородителските семејства од плаќање на дел јавни давачки (такса, јавен превоз, надомест во градинка), доколку имаат плата пониска од просечната плата, е  во тек.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција