Владимир Пешевски: Бројот на туристи во Македонија е зголемен

Во 2012 година очекуваме подобри резултати, иако сме сведоци дека во Европа поради должничката криза и опасностите од подолга рецесија приходите од туризмот во туристички најсилните дестинации се намалуваат. Кај нас годинава тоа не е случај. Податоците за април говорат дека има зголемување од 9,6 проценти кај бројот на туристи, за 14,4 проценти кај странските туристи и за 3 проценти кај ноќевањата. [Датум: 25.06.2012 | Извор: Сител]

Образложение:

Според податоците од Заводот за статистика на Република Македонија, бројот на туристи во земјава во април 2012 година, споредбено со истиот месец од претходната година, е зголемен за 9,6 проценти, а бројот на странски туристи е зголемен за 14,4 проценти. Бројот на ноќевања на странските туристи е зголемен за 3,1 процент. Според ова, изјавата на вицепремиерот Пешевски се смета за вистинита.

Линкови:

  • Државен завод за статистика (12.06.2012): Туризам. [Пристапено на 05.07.2012]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција