Владимир Пешевски


Warning: Use of undefined constant vetuvanja - assumed 'vetuvanja' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 653

Warning: Use of undefined constant izjavi - assumed 'izjavi' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 665

М-р Владимир Пешевски, заменик претседател на Влада Македонија

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден на 19 јуни 1970 година. Оженет, татко на три деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Во 1993 год. дипломира на Електротехнички факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиj, на насока енергетика. Запишува магистерски студии на Електротехнички факултет во Скопје. По завршувањето на испитите од магистерските студии со максимален просек во подготовка е и на магистерска теза.

Во 2001 година завршува магистратура по деловна администрација на Универзитетот од Шефилд, Англија – програма на City College во Солун.

Говори англиски, руски и словенски јазици од балканскиот регион.

 

КАРИЕРА

Веднаш по неговото дипломирање, во 1993 година,  започнува научно истражувачка кариера. Како асистент  во Истражувачкиот центар за нови технологии во Македонска академија на науки и уметности работи на проекти од областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина.

Од 1996 година работи при проект на УСАИД како консултант за стратешки менаџмент и финансии давајќи консултантски услуги на преку 50 македонски компании.

Во 1998 година станува генерален директор на СЕАФ Македонија и успешно раководи со овој меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија.

Во 2006 година ја презема функцијата Генерален директор и партнер на СЕАФ  Фондот за Јужен Балкан. Фондот со кој раководел, досега во Србија и Македонија има  реализирано бројни инвестиции. Тој е и главен инвестиционен советник при продажбата на неколку регионални компании на странски инвеститори во вредност од преку 100 милиони евра.

Неговото богато професионално искуство го надополнуваат и членувањето во првиот избран состав на Бордот на директори на Американската стопанска комора во Македонија, членувањето во Националниот совет за конкурентност и претприемништво, како и својството предавач по предметот Стратешки менаџмент во периодот 2004-2006 год.на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на City College во Солун).

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од јули 2009 година стапува на функција Вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија.

 

Бомбите

Името на Владимир Пешевски беше инволвирано во прислушкуваните разговори. Од разговорите јасно и недвосмислено неговото име замешано во криминални тендерски преговори, договарање високи провизии….

 

Против Пешевски до сега не е покренато обвинение од СЈО.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Владата на Република Македонија: Владимир Пешевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција