Властите отвориле истрага за запленетата марихуана во Србија уште веднаш

Фото: sdsm.org.mk

Според официјални тврдења Јавното обвинителство, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи активно работат на утврдување факти околу детали за петте тони марихуана што при крајот на минатата недела беа запленети во Србија, а за која се тврди дека потекнува од С. Македонија. Така што спротивното тврдење од СДСМ за неактивност и молк на властите дадено денеска (03.02.2026) е невистина

Според официјални тврдења Јавното обвинителство, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи активно работат на утврдување факти околу детали за петте тони марихуана што при крајот на минатата недела беа запленети во Србија, а за која се тврди дека потекнува од С. Македонија. Така што спротивното тврдење од СДСМ за неактивност и молк на властите дадено денеска (03.02.2026) е невистина

 

 

Главната опозициска партија СДСМ на прес-конференција во врска со скандалот во Србија со запленети 5 тони марихуана, изнесе невистинито тврдење:

Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија.

Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците.

Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој?

[Извор: СДСМ – Огњеновиќ/прес – Датум: 03.02.2025]

Образложение:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Петар Огњеновиќ на прес-конференција изнесе тврдење во врска со реакцијата на властите во земјава околу заплената на 5 тони марихуана во Србија, тврдејќи дека „втор ден власта молчи“, нешто што не одговара на фактите.

Скандалот во Србија стана актуелен при крајот на минатата недела, а пошироко во С. Македонија беше пренесен за време на викендот (31.01 – 01.02), што може да се види од едноставен преглед на агрегаторот на вести Тајм.мк. Станува збор за огромно количество на марихуана која според првичните објавени информации од истрагата на српските власти е набавена во С. Македонија, а еден од тројцата уапсени бил косопственик „на компанијата „Алфафарм“ во Скопскиот Регион, која е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис“.

Првата реакција со поставено прашање од страна на СДСМ беше на 01.02.2026, а потоа на втори и трети февруари следуваа прес-конференции, меѓу кои и гореспоменатата што е предмет на оваа оценка. Прашањата и сомневањата што ги изнесуваат од СДСМ се легитимни теми што во јавниот дискурс ги покренува опозициската партија, но тврдењето од денеска (03.02.2026) дека два дена власта молчи е невистина.

Имено, Јавното обвинителство уште вчера (02.02.2026) соопшти дека отворило предмет уште на 30.01.2026 г., а во известувањето до медиумите се наведува:

Обвинителството уште во петокот беше навремено и целосно информирано за настанот и без одлагање презеде активности во рамките на своите законски надлежности. Веднаш е воспоставена интензивна и континуирана комуникација со надлежните органи на Република Србија, со активна размена на релевантни информации и координација на дејствијата, со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот на заплена на пет тони марихуана. Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Северна Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност – велат од ОЈО објави Скопје1.мк.

Друг релевантен медиум, исто така вчера (02.03.2026), извести дека истрага отвориле и две министерства во Владата – Министерството за здравство во координација со Министерството за внатрешни работи:

Во однос на настанот за кој информирате, Министерството за здравство, преку надлежните служби, во координација со Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции, има извршено вонредна контрола кај правното лице. Врз основа на утврдената фактичка состојба и евентуално констатираните неправилности, Министерството ќе постапи согласно законските прописи и ќе ги преземе сите мерки предвидени со закон, доколку за тоа постојат законски основи, информираат од Министерството за здравство. 

Имајќи ги предвид известувањата од Обвинителството и од Министерството за здравство, невистина е тврдењето на СДСМ дека власта два дена молчи и дека нема реакции во врска со скандалот во Србија.

 

Извори:

 

Оценил: Теофил Блажевски

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција