Влезот на С. Македонија во ЕУ не е влез во фашистичка унија

Стоп за фашизмот:

Фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.

Европскиот Парламент повика земјите членки јасно да ги осудат и санкционираат криминалот од омраза, говорот на омраза од страна на политички фигури кои користат омраза и насилство. Исто така, оттаму додадоа дека е потребно земјите членки да се спротивстават на ширењето на расизам, фашизам, ксенофобија преку интернет во соработка со компании за социјални мрежи

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Која малку умна паралела…некако точна… во вториот дел нема борба, но има предавства и коленичење! “Како што нашите ПАРТИЗАНИ СЕ БОРЕЛЕ ЗА СЛОБОДА ПРОТИВ ФАШИСТИТЕ! Така, сега ние се БОРИМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ ФАШИСТИЧКА!” Бре бре…цццццц Гледам сите политиканти изгинавте од борба, никому влакно не му фали!
Влезот на Северна Македонија во Европската Унија не е влез во фашистичка унија. На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи. Ова е само еден показател кој потврдува дека реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана се антифашистички!  Станува збор за политичка и економска унија на 27 земји членки примарно лоцирани во Европа, со политики кои обезбедуваат слободно движење на луѓе, проток на добра, услуги и капитал на внатрешниот пазар, заеднички политики за трговија агрикултура и регионален развој.

Членовите на Европскиот Парламент сметаат дека крајно десничарските организации во некои од земјите членки се еден од причинителите за растот на насилството, кое целосно го афектира општеството и е таргетирано на Евреи, Муслимани, Роми, ЛГБТИ луѓе итн.

Тие предложија да се состават единици во полицијата за борба против криминал од омраза, за да се осигура дека ваквите инциденти се процесуираат и се истражуваат. Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот.

Европскиот Парламент повика земјите членки јасно да ги осудат и санкционираат криминалот од омраза, говорот на омраза од страна на политички фигури кои користат омраза и насилство. Исто така, оттаму додадоа дека е потребно земјите членки да се спротивстават на ширењето на расизамфашизам, ксенофобија преку интернет во соработка со компании за социјални мрежи.

Во резулуцијата се наложува земјите членки и националните спортски федерации, особено фудбалските клубови да се спротивстават на фашизмот, расизмот и ксенофобијата на стадиони и други спортски и културни настани со санкционирање и осуда на овие дејства. Исто така, се предлага земјите членки на ЕУ да состават програми со кои ќе може да им се помогне на индивидуите кои се дел од насилни неофашистички и неонацистички групи, да се одделат од нив и да ги напуштат

Членовите на Парламентот исто така ја потенцираат важноста на образованието, за да се подигне свеста кај младината за историјата и повикува сите јасно да одбиваат да ги прават злосторствата на фашизмот од минатото, дополнувајќи дека вистината за Холокаустот не смее да се тривијализира.

Од ова станува јасно дека заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија.

Фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.

ЕУ се залага секоја земја членка да го задржи своето културно наследство, но и да се развијат меѓународни културни односи, што е видливо од стратегијата презентирана од Европската Комисија насловена како Towards an EU Strategy for International Cultural Relations, чија цел е да се поттикне културна соработка меѓу ЕУ и нејзините партнерски држави. Оваа стратегија ја потенцира заложбата на ЕУ да се негуваат меѓународни културни односи со партнерства и интеракции и да се промовираат различните култури на земјите членки преку културна дипломатија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Влезот на С. Македонија во ЕУ не е влез во фашистичка унија.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција