Влијанието на јаглерод диоксидот врз температурите не е преувеличено

Фото; G.C.Pixabay

Главните холандски актери позади декларацијата спомената во објавата се Гус Беркхаут, пензиониран геофизичар кој работел за маслениот гигант „Шел“, заедно со новинарот Марсел Крок. Двајцата се обвинувани дека примале пари од компании за фосилни горива за финансирање на нивната климатски-скептична работа. Тие ги отфрлаат ваквите наводи, пишува „Еуроњуз“. Меѓу потписниците на декларацијата, во 2022 година имало 1.107, во листата имало и имиња на шест починати лица. Помалку од 1 процент од имињата што се наведени се опишуваат како климатолози или научници за климата. Осум од потписниците се поранешни или сегашни вработени на „Шел“. Еден од потписниците е Ивар Гиаевер, заеднички победник на Нобеловата награда за физика во 1973 година за работа на суперспроводници и нема објавено ништо за климатската наука

 

Главните холандски актери позади декларацијата спомената во објавата се Гус Беркхаут, пензиониран геофизичар кој работел за нафтениот гигант „Шел“, заедно со новинарот Марсел Крок. Двајцата се обвинувани дека примале пари од компании за фосилни горива за финансирање на нивната климатски-скептична работа. Тие ги отфрлаат ваквите наводи, пишува „Еуроњуз“. Меѓу потписниците на декларацијата, во 2022 година имало 1.107, во листата имало и имиња на шест починати лица. Помалку од 1 процент од имињата што се наведени се опишуваат како климатолози или научници за климата. Осум од потписниците се поранешни или сегашни вработени на „Шел“. Еден од потписниците е Ивар Гиаевер, заеднички победник на Нобеловата награда за физика во 1973 година за работа на суперспроводници и нема објавено ништо за климатската наука

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Прага, 14 ноември 2024 година.
Климатските научници издадоа шокантна декларација дека „климатската вонредна состојба“ е завршена.
На дводневната климатска конференција во Прага, организирана од чешкиот огранок на меѓународната климатска разузнавачка група (Клинтел), што се одржа на 12 и 13 ноември во Домот на пратениците на Чешката Република во Прага, „изјавува и потврдува дека замислената „климатска вонредна состојба „се приближува кон крајот“.
Во коминикето подготвено од истакнатите научници и истражувачи кои зборуваа на конференцијата, јасно е дадено до знаење дека веќе неколку децении климатолозите систематски го преувеличуваат влијанието на CO 2 врз глобалната температура.
Научната конференција на високо ниво доаѓа до заклучок дека во последните децении, јавноста беше преплавена со приказни кои предизвикуваат страв и им кажуваат дека глобалните температури ќе се искачат на катастрофално високи нивоа.
Активистите за климата тврдат дека причината за сета оваа пропаст е зголеменото количество на CO2 произведено од човековата активност. Предложеното решение е таканаречена политика на нето-нула емисии, насочена кон намалување на човековите нето емисии на CO 2 на прединдустриските нивоа од крајот на 17 век.
Во неговите многубројни „завршни предупредувачки“ говори, Антонио Гутереш зборуваше за компјутерски симулации, а не за реалниот свет. Грета Тунберг пред американскиот Конгрес сведочеше дека „нема наука“ зад нејзиниот „паничен“ коментар. Оваа информација не може да се најде во медиумите.
Малкумина граѓани знаат дека сите застрашувачки климатски предвидувања се генерирани од компјутерски модели. И од искуство во многу други сложени полиња знаеме колку компјутерските модели можат да бидат погрешни.
Глобална мрежа од над 1.900 научници и професионалци ја подготви оваа итна порака. Науката за климата треба да биде помалку политичка, додека климатските политики треба да бидат понаучни.

 

Уште од 2022 година оваа група „Клинтел“ е спорена во поглед на тоа дека е составена од научници, како што се тврди во објавата што ја рецензираме.

Како што пишува „Еуроњуз“ документ во кој се тврди дека „нема климатска вонредна состојба“ циркулира на социјалните мрежи уште од 27 јуни 2022 година и била споделувана и од страна на сенатор од Австралија со тврдење дека „ова е дополнителна потврда дека нема климатска вонредна состојба“. Но, извештај од Универзитетот Корнел од 2021 година покажа дека 99,9 проценти од 88 илјади студии за климатските промени – се согласуваат во едно, а тоа е дека човековиот фактор го има забрзано феноменот, најверојатно поради емисии на јаглерод. Дополнително, последните 15 најтопли години се после 2005, кои стануваат се потопли, според НАСА. Истражувањата на „Еуроњуз“ од 2022 година покажуваат дека ниеден од потписниците на „светската климатска декларација“ не биле научници за клима.

Главните холандски актери позади оваа декларација се Гус Беркхаут, пензиониран геофизичар кој работел за маслениот гигант Шел, заедно со новинарот Марсел Крок. Двајцата се обвинувани дека примале пари од компании за фосилни горива за финансирање на нивната климатски-скептична работа. Тие ги отфрлаат ваквите наводи, пишува „Еуроњуз“.

Меѓу потписниците на декларацијата, во 2022 година имало 1.107, а во листата имало и имиња на шест починати лица. Помалку од 1 процент од имињата што се наведени се опишуваат како климатолози или научници за климата. Осум од потписниците се поранешни или сегашни вработени на „Шел“. Еден од потписниците е Ивар Гиаевер, заеднички победник на Нобеловата награда за физика во 1973 година за работа на суперспроводници и нема објавено ништо за климатската наука.

Според пребројувањето потписниците на декларацијата, како што пишува „Еуроњуз“ биле во еден дел инженери, лобисти, пилоти и рибари. Клинтел се опишува себеси како „независна фондација“ а потписниците на својата декларација ги претставува како „различни компетентни научници“. Основачите отфрлија два извештаи во холандските медиуми дека парите од фирми за фосилни горива биле насочени за да се финансира работата на Клинтел која е скептична кон климатските промени.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, климатските модели го симулираат одговорот од вегетацијата на покаченото ниво на јаглерод диоксид – заедно со климатските промени што ги предизвикува.

Авторите се чини, не се многу запознаени со климатската наука. На пример, не знаат дека нивото на глобално затоплување што го опсервираме, е многу блиско до она што е предвидено од моделите, вели Тимоти Озборн, професор на Универзитетот Источна Англија.

Погрешна е перцепцијата дека климатските промени се бенигна или корисна сила. Научниците и економиститe повторуваат дека климатските промени се голем и итен проблем, вели Амбер Кер, истражувач на Институтот за земјоделска одржливост од Универзитетот во Калифорнија.

Климатските промени се најгорливиот проблем на нашето време. Светот станува сè пожежок. Според податоците објавени од НАСА, јаглерод диоксидот е на највисоко ниво во повеќе од два милиона години. Прединдустриските нивоа на јаглерод диоксид беа околу 280 делови на милион. Во 2023 година сме блиску до 420 делови на милион. Според шестиот извештај за проценка на IPCC за состојбата на климата, изминатата деценија веројатно е најтоплиот период во последните 125.000 години. Проценката на IPCC, исто така, е дека периодот од 2016 до 2020 година е најтоплиот петгодишен период забележан од најмалку 1850 година. Без двоумење, луѓето се причината. Според 350.org, зголемувањето на температурите е речиси точно во корелација со ослободувањето на стакленички гасови. Институтот за океанографија Скрипс направи јасен визуелен водич за таа корелација, поддржан и поткрепен со научна студија. 

Меѓународниот панел на научници, поддржан од ОН, сугерираше дека климатските промени играат сè поголема улога во доведувањето на некои видови до исчезнување. Десетици видови растенија и животни исчезнуваат секој ден. До средината на векот, трендот на исчезнување на видови, ќе продолжи.

Според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел вакви промени на глобалната клима, а некои од тие промени се неповратни и за враќање во првобитната состојба треба да се работи наредните стотици до илјадници години. Научниците со голема доверба велат дека глобалните температури ќе продолжат да растат многу децении во иднина, главно поради емисија на гасови, а еден од нив е јаглерод диоксидот, произведен главно преку човечка активност.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј, глобалните температури и растот на јаглерод диоксидот се поврзани и се зголемуваат од 1880 г. до денес.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, јаглерод диоксидот и другите стакленички гасови делуваат како ќебе или капа, заробувајќи дел од топлината што Земјата инаку би ја зрачела во вселената и се причинители за глобалното затоплување.

Тврдењата на Клинтел се дебанкирани и тука.

Во објавата се споменува и изјавата што метафорички ја даде активистката Грета Тунберг, дека „сака луѓето да паничат за климатските промени“. Таа во видеото што е дадено во објавата што ја рецензираме, објаснува дека таквата нејзина изјава била метафора и не била базирана на научна студија. Но, тоа не значи дека не постојат такви научни студии во кои се покажува дека јаглерод диоксидот предизвикува климатски промени.

Точно е наведеното во декларацијата споделена во објавата што ја рецензираме дека јаглерод диоксидот им помага на растенијата да растат, но тоа не значи дека не е лош за глобалното затоплување.

Мислењето дека јаглерод диоксидот е „растителна храна“ и дека климатските промени се добра работа или не се проблем е вообичаен рефрен од оние кои ја негираат реалноста на климатските промени или кои се противат на намалување на емисиите на стаклена градина, пишуваат проверувачите на факти на Фактчек.орг.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција