ВМРО-ДПМНЕ: 1.000 дополнителни вработувања преку мерката самовработување и формализација

Ќе обезбедиме поддршка за дополнителни 1.000 вработувања во фирмите формирани со проектите од идеја до бизнис (самовработување со грант) и самовработување со кредит и формализирање на бизниси во периодот 2007-2013 година. Притоа секое ново вработување ќе биде кредитирано со средства во износ од 3.000 евра во период од 4 години, со грејс период од 1 година и 3 години период за отплата, со 1% камата на годишно за успешните бизниси. Фирмите ќе можат да вработат најмногу до 2 лица односно за истите ќе добијат 6 000 евра. Лицата ќе мора да бидат вработени најмалку 4 години односно до враќањето на средствата. Мерката ќе се спроведува со Јавен повик за работодавачите и за невработените што сакаат да бидат вработени во овие компании. Правните лица треба да достават позитивен биланс од работењето на компанијата и да им се платени сите јавни давачки, а истовремено, ако се корисници на кредит за самовработување, да го имаат целосно подмирено кредитот. Самиот кредит правните лица ќе го гарантираат со хипотека 1:1 или рачна залога во сооднос 2:1. За 2012 ќе се реализираат за 150 лица со буџет од 450 илјади евра, за 2013 ќе се реализираат за 300 лица со буџет од 900 илјади евра, за 2014 година за 200 лица со 600 илјади евра и 2015 за 250 лица со 750 илјади евра или вкупно 2,7 милиони евра. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Во септември 2012 година, министерот за труд и социјална политика го најави отпочнувањето на овој проект. Првиот оглас за добивање на финансиски средства беше отворен во септември и октомври 2012 година. [Ажурирано на: 15.04.2013]

Во изминатите три години се објавени повеќе огласи за самовработување со кредитирање. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Може да се каже дека ветувањето: „1.000 дополнителни вработувања преку мерката самовработување и формализација“, е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција