ВМРО-ДПМНЕ: 3750 самовработувања од идеја до бизнис со грант од 3.000 евра
Во периодот 2011-2015 година со грант средства од по 3.000 евра за работно место ќе овозможиме 3000 самовработувања, преку отворање на бизнис на специфични категории лица како млади лица до 27 години, жени-жртви на семејно насилство, жени евидентирани како невработени лица, невработени лица, професионални војници на кои им престанала службата во АРМ . Со оваа мерка се овозможува сите заинтерсирани лица што имаат идеја да им се помогне да ја созреаат идејата за сопствен бизнис и истата ја реализираат со помош на грантот од 3000 евра и обуката за водење на бизнисот која бесплатно се реализира за апликантите. Сите лица што се заитересирани, а припаѓаат на целните групи се пријавуваат на јавниот повик за учество на мерката во периодот 15 март до 31 март секоја година. Се пополнува апликација која е електронска во работните клубови на Центрите за вработување со давање на одговор на одредени прашања кои зависност на одговорот носат соодветни бодови. По завршување на аплицирањето, лицата се рангираат во зависност од освоените бодови и во текот на месецот мај се повикуваат на обука за водење на бизнис односно преточување на идејата во бизнис. Подоцна се изработува бизнис-план кој се оценува па истиот се корегира. Врз основа на истиот, лицето ќе биде краен корисник на средствата или ќе биде елиминирано. Во периодот од 1 септември до 20 септември се регистрираат фирми на селектираните кандидати и се потпишуваат договори со истите, по што следи исплата на средтствата и набавка на опремата или репроматеријалите.
Вкупниот буџет на оваа мерка
- за 2011 година е 148,6 милиони денари за 750 лица,
- за 2012 година е 148,6 милиони денари за 750 лица,
- за 2013 година е 148,6 милиони денари за 750 лица,
- за 2014 година е 148,6 милиони денари за 750 лица,
- за 2015 година е 148,6 милиони денари за 750 лица.
За сите четири години, буџетот е 742,8 милиони денари со опфат на 3750 нови самовработувања од идеја до бизнис. [Рок: 2011 – 2015]
Образложение:
Во изминативе години се објавени повеќе огласи за самовработување преку отворање сопствен бизнис.
На 20 мај 2012 година Министерот Спиро Ристовски изјави дека во првиот циклус од програмата „Од идеја до бизнис“ се вработени 420 лица. Во тек е вториот циклус на кој е предвидена можност за над 500 лица да си обезбедат работа преку отворање сопствен бизнис.
На четврти февруари 2013 година министерот Спиро Ристовски изјави дека 930 невработени лица ќе добијат помош да отворат сопствен бизнис и да ја реализираат својата бизнис-идеја. За Програмата за самовработување, која е дел од Оперативниот план за активни мерки за вработување, во изминатиот период постоел голем интерес. Минатата година (2012) за 900 самовработувања аплицирале 4.783 лица.
Изминатата година (2013) во рамките на двата циклуса на програмата, близу 1.500 лица ја посетија обуката за претприемаштво при што со помош на стручни деловни консултанти развија бизнис-идеи. Најдобро оценетите 930 бизнис-планови добија советодавна и финансиска неповратна поддршка за регистрација на фирма и набавка на опрема и материјали од 3.000 евра.
Речиси 950 невработени лица што активно бараат работа годинава (2014) ќе бидат обучени за отворање сопствен бизнис и секој од нив ќе добие грант од околу 3.000 евра.
Имајќи го предвид сето ова може да се каже дека ветувањето: „3.750 самовработувања од идеја до бизнис со грант од 3.000 евра“, е исполнето.
Линкови:
- Дневник (21.03.2014): По 3.000 евра за отворање бизнис со самовработување [Пристапено на: 04.04.2014]
- Фактор (04.02.2013): Со државна помош 930 невработени ќе почнат сопствен бизнис [Пристапено на: 04.04.2014]
- Сител Телевизија (20.05.2012): Ристовски: Над 420 лица се самовработиле преку Програмата „Од идеја до бизнис“. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Журнал (20.05.2012): Околу 420 лица се самовработиле преку програмата „Од идеја до бизнис“ [Пристапено на: 04.04.2014]
- Влада: Социјална политика [Пристапено на: 04.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар