ВМРО-ДПМНЕ: 50 фудбалски игралишта

Изградбата на 50 фудбалски игралишта започна со 16-те терени во: Прилеп 1, Ранковце, Свети Николе, Битола 1, Гостивар 1, Ѓорче Петров, Могила, Пробиштип, Градско, Радовиш, Росоман, Чашка, Чешиново-Облешево, Босилово, Илинден, и Неготино. Во третиот и четвртиот квартал на 2008 година ќе продолжиме со изведбата на останатите фудбалски игралишта во следните општини: Желино, Велес, Гевгелија, Вевчани, Кичево, Боговиње, Штип, Тетово, Аеродром 1, Охрид 1, Аеродром, Бутел, Карпош, Битола 2, Кочани, Прилеп 2, Кратово, Петровец, Шуто Оризари, Зелениково, Сарај, Струмица, Гази Баба 1, Аеродром 2, Гази Баба 2, Охрид 2, Гостивар 2, Кисела Вода 1, Ресен, Куманово, Кисела Вода 2, Демир Капија, Демир Хисар и Теарце. Игралиштата ќе бидат за тренинзи и за натпревари во голем фудбал, развој на младински фудбал и нови таленти, ќе имаат дренажа, рефлектори, соблекувални и тушеви, како и мали трибини за публика до 500 гледачи. Основната намена е формирање повеќе клубови и услови за нивно тренирање, како и производство на млади фудбалски таленти. Рок за довршување на сите терени: 2010

Образложение:

Рокот кој е даден за довршување на терените не е испочитуван. До сега изградени се половина од предвидените игралишта. Во Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека до сега се изградени 17 игралишта, 20 се во финална фаза, а останатите ќе бидат завршени до декември 2011.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција