ВМРО-ДПМНЕ: Агенција за технологии и иновации

За институционална поддршка на иновациите и истражувањето во Македонија, самостојно или во рамките на државните институции, ќе се формира Агенција за технологии и иновации. Преку оваа агенција ќе се кофинансираат истражувачки проекти кои имаат потенцијал да најдат примена во македонските компании, согласно со постојното ниво на технолошки развој. На тој начин средствата ќе се користат само за оние проекти кои ќе можат да имаат практична примена и ќе ја подобрат конкурентноста на фирмите. На среден рок, со менувањето на структурата на македонската економија, ќе се кофинансираат проекти и во нови области. Агенцијата ќе соработува со кластерите при идентификувањето на компаниите што имаат најголем потенцијал за иновации. Во подоцнежната фаза од работењето на Агенцијата покрај кофинансирање на технолошки иновации во индустрискиот сектор, ќе се финанасираат истражувачки проекти и иновации за локален и развој на услужниот сектор. [Рок: јануари 2013 година]

Образложение:

Информација за формирање на Агенција за технологии и иновации нема. Единствено во изминатиот период беше најавено од страна на вицепремиерот Пешевски, дека во првиот квартал од 2013 година ќе се реализира “Платформата за развој на компаниите и иновациите”, платформа која треба да им го олесни пристапот на компаниите до пари кои ќе им служат за зголемување на инвентивност на компаниите. Реализацијата на оваа платформа се уште не е започната.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција