ВМРО-ДПМНЕ: Агро-совет

Ќе го воспоставиме Агро-советот како постојан форум на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, соработка и вклучување на учесници во процесот на одлучување за политиките наменети за земјоделците и запреработувачите. [Рок: март 2012]

Образложение:

Во медиумите не постојат некои конкретни информации околу работата на Агро-советот. Во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство последните вести околу работата на Агро-советот се од ноември 2009 година. Според ова, може да се заклучи дека Агро-советот нема некоја позначајна улога во процесот на одлучување за политиките наменети за земјоделците и запреработувачите. [Ажурирано на: 26.03.2012]

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму ни беше одговорено дека е формиран Агро-совет (или како што се нарекува Совет за земјоделство и рурален развој) на 30.08.2012 година. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е март 2012 година, а советот е формиран со неколку месеци задоцнување, ова ветување се карактеризира како делумно исполнето. [Ажурирано на: 10.11.2012]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција