ВМРО-ДПМНЕ: Алтернативен начин на доставување на судски покани

Преку измени во соодветните закони со кои се уредува доставувањето на судските покани, ќе овозможиме на барање на тужителот судската покана да се достави од страна на посебни субјекти што ќе бидат овластени да доставуваат покани за определен надомест. Со тоа побрзо и навремено ќе се доставуваат судските покани, ќе се зголеми процентот на уредна достава и ќе се скратат судските постапки. Доколку лицето не може да се најде, во тој случај објавата на поканата на огласна табла и во службен весник, останува како краен метод за нормално и ефикасно функционирање на постапките. Рок: декември 2008 година.

Образложение

Со измените во Законот за парнична постапка, воведени се алтернативни начини на доставување на судски покани, со што формално е исполнето ова ветување.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција